Во парк пронајдено безживотното тело на Човекот-кесе – бездомникот кој со години носеше облека и „кондури“ од пластични кесиња
Тој беше најпознатиот бездомник во Белград.
Неговото име беше Драган и беше бездомник во Белград. Неговото безживотно тело беше пронајдено пред неколку дена и тоа онака како што и многумина го памтат – замотано во кеса, заради што и го викаа Човекот-кесе.
Според некои тој беше школуван уметник, додека други тврдат дека ја одбивал секоја помош што досега му била нудена. Но речиси никој не знае ништо со сигурност за него, иако скоро сите го „познаваа“, па така никој не беше сигурен и дека Драган беше неговото вистинско име.
Тој со години живееше низ улиците и парковите во центарот на Белград, а животот го изгуби на 13 јануари во паркот на Топчидар.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215949086264679&set=gm.10157248898509331
Беше потполно мирен тип, никој се немаше пожалено на него. Неговите сандали беа направени од пластични кесиња и шушкаше додека одеше, заедно со кесињата од кои никогаш не се одвојуваше. Благодарение на фотографот Север Золак денес можеме да ви доловиме дел од светот на Човекот-кесе, во неговиот дом, кој се наоѓаше на белградскиот асфалт.