Костимите за капење на Вергара ги освоија сите модерни жени
Софија Вергара беше на годишен одмор со сопругот Џо Манганиело, а како поминаа можеме да откриеме и од фотографиите што актерката ги објави на својот профил на социјалните мрежи. И секако дека глетките во кои убавата колумбиска актерка позира во костими за капење се меѓу најлајкуваните, а посебно фотографијата на која Софија позира во бели бикини и бел топ од тантела.
Фотографијата е направена на јахта во близина на италијанскиот град Равела, а Вергара во ова пикантно издание ги воодушеви своите обожаватели кои и напишаа бројни пофалби и комплименти.
„Неверојатна убавина“, „Нема поголема убавица од неа“, се само дел од коментарите што следуваа под објавата.
Нискиот долен дел го нагласи рамниот стомак на 46 годишната актерка, додека горниот е зачинет со романтична тантела дополнително ја истакна сензуалноста на преубавата Колумбијка. Затоа и не нé чуди што фотографијата само во првите 24 часа имаше преку 300.000 лајкови.
Но ова не е единственото издание со кое Софија ја крена температурата ова лето. Таа и претходно објави фотографии на кои позира во костим за капење, а онаа на која позира во едноделен модел од модната куќа Долче и Габана, со тренди леопард дезен, дефинитивно стана еден од омилените на дамите за ова лето. А како што предлагаат најпознатите светски модни гуруа, кој и да го изберете од овие два модели, дефинитивно нема да погрешите.
Па, кој од овие два модела ви се допаѓа повеќе?