Реклама
Интервју

Во КИЧЕВО има улица Спасен Силјаноски – Ех, да бев СУПЕРМЕН, па да го вратев достоинството на македонскиот народ!

Би сакал да пеам пред публика од 10 илјади гедачи! Не ги делам луѓето по професија, селанец или граѓанин,не ми значи неговиот социјален статус, без разлика дали е доктор, хирург или обичен селанец од нива, изјави за Гламур.мк

Реклама

Недомана имавме прилика да поразговараме со ултарпопуларниот Спасен Силјаноски, првиот дел до интервјуто го споделивме, еве уште еден дел кој веруваме дека ќе ве интересира.

Откако песната „Ќе ти дојдам“ на Спасен стана вирална многу од медиумите успеаа да донесат на површина приватни работи поврзани со него.

Во оваа прилика ние ќе ви откриеме нешто за кој тој не зборувал пред јавноста.

Маркетинг

Веќе ви е познато дека со музика се занимава од најрана возраст. На  5-6 години тој веќе знаел да свири на  гајда, хармоника, пеел… На млади години почнал да пее професионално, на приватни забави, седенки.

Маркетинг

Спасен е навистина отворен и искрен со публиката, тоа го покажал досега многу пати, па така се отвори и за Гламур.мк.

Како од војник патот ве однесе до микрофонот и станавте популарен пејач?

Запишав нижо музичко во Битола таму ми дадоа да свирам на виолина издржав една недела и се вратив во Кичево и се запишав гимназија, затоа што сакав да свирам хармоника, а во Битола ми дадоа основни инструменти виолина и клавир не се пронајдов.

фото/ Инстаграм

Имав преголема желба да бидам во униформа, цел живот сум спортиста, имав поинаква визија за АРМ. Таму тработев од 2006 до 2010 година, потоа напуштив и почнав да се занимавам со музика и професионално.

И фала му на Бога што ја направив тогаш таа одлука, затоа што сметам дека тоа што сега го работам го работам успешно, но секако за тоа ќе покаже времето и квалитетот на песните и пред се публиката што ја сака мојата музика, вели Силјаноски.

фото/ Инстаграм

Ако не бев пејач ќе бев…

НЕ ЗНАМ ШО ЌЕ БЕВ. Се и се сшто сум работел, не се сраамм од работа. Што и да работам ќе го сработам професиинално. Можеби би бил спортиста, или политичар. по природа сум голем патриота и кога ги гледам овие политички превирања многу се нервирам, многу ноќи не сум спиел кога ги гледам овие погубни политики што се оденсуваат кон македоснкиот народ.

Би сакал да бев Супермен и да го вартам достоинството на мекдоснката нација. Во овој момент тоа можам да го правам само преку песната.

Имате исто име и презиме и од истото село сте како и македонскиот партизан Спасен Митрев Силјаноски-Паце , коенциденција или вашите семејни корени се поврзани со овој борец, па го носите неговото име?

Па да, тој е мојот дедо. Јас го носам неговото име.Пртизан, првоборец, со споменица, погинат е 1944 г на планината Букоиќ го убиле Балистите. Во Кичево има улица со неговото име и моите родители ме крситиле по него. Јас гордо го носам неговото име.

 

 

Спасен Силјаноски свири на хармоника, пиајно, сајзер, кавал…

Со кои музичари соработувате најчесто?

Јас сум автор на музиката, на аранжманите, а за текстовите се грижи мојата мајка Јагода Силјаноска, во соработка со мене. Можеби и затоа моите песни се успешни, затоа што за соработник ја имам мојата мајка, таа ме знае најдобро, што сакам , мојата душа, моето срце.

Во секој нејзин текст ме има минимум 50-60% мене, без разлика дали е тажна или весела песна, бидејќи песната мора да пробуди солзи без разлика дали радозници или солзи од тага, мора да предизвика емоции кај слушателот.

фото/ Инстаграм

Сум соработувал со многу пејачи, уште на почетокот од кариерата имам дует со Сузана Спасовска, сега последно со мојот другар кичевчанец Дамјан Стојановски, песната се вика „Славчо и Ванчо“ имаме и спот, сум пишувал и песни за мои колеги и тоа подарени не сум им земал пари затоа што сум мислел дека се за нив.

Кој е вашиот најдобар пријател?

Имам многу пријатели од детство, од средно од армиски денови, пријатели пред да станам јавна личност, пријатели откако станав пејач , во контакт сум со многу пријатели од минатото, но и со новиостекнати пријатели.

фото/ Инстаграм

Многу приајтели ја злоупотребиле мојата добрина и блсикост. Јас сум човек што многу сака да се дружи, да бидам со народот, па самото тоа доведува до многу голем круг на пријатели. Кога се има толку многу пријатели не можеш да процениш кои ти се вистински и на кој можеш да се потпреш. Јас останувам отворен за сите, да помогнам , да се сликам , да му испеам песна…

Секако имам еден потсесн круг, еден од нив е мојот кум , другиот е дечкото каде што јас сум кум, а третиот е личноста која што секогаш била со мене овие 30 и кусур години од мојот живот, личноста која била секогаш покрај мене во сите момент, несомено е мојот најголем пријател и мислам дека ќе остане мој најголем пријател засекогаш, тоа е мојот татко!

фото/ Инстаграм

А сега имам уште еден,а тоа е мојот син Арсениј Силјаноски. Мојот начин на воспитување на Арсен е како мојот татко што ем восипитуваше мене. Пред се пријателски другарски, а каде што е потребно како родител.

Дали вашите деца покажуваат афинитети за музика?

Моите деца го имаат наследено мојот талент, постојано пеат, големи љубители се,  пејат секакви песни. Запишани се на нижо музичко, а Арсени веќе свири хармоника кај Мишел Трајковски . Не знам дали и понатаму ќе остане нивната желба за љубов, тоа е моја огромна желба, но нема да ги терам со сила доколку не сакаат. Генот го имаат…

фото/ Инстаграм

Ако треба да издвоите најдобар настап, досега, тоа би бил настапот во…

Тешко прашање, секаде сум настапувал, големи концерти насекаде низ светот, многу ми е тешко да издвојам еден. Мојот сон е да ја наполнам салата „Борис Трајковски“ и масовно македоснкиот народ за првпат да ја слушне македоснката фолк песна. Мене ми е мило кога наши пејачи ги полнат салите како Влатко Лозановски и ред други, но за жал ние како фолк пеајачи тешко го постигнуваме тоа не знам кој е виновен. Фолкерите заслужуваат поголемо внимание.

Принтскрин/ Јутјуб

Кога еден Мирсолав Илиќ ете гледате како ја полни Белградска арена пет дена едно по друго зошто да не може и еден Наум Петерски, еден доајен,Благоја Грујовски, па и Спасен Силјановски. Би сакал народот да се навлече повеќе на македоснакта песна. Но мислам дека има проаганда, ние неколку пејачи се обидуваме да го промениме тоа и кај новите генерации.

Пред која личност би сакале да настапите?

Би сакал да пејам пред публика од 10 илјади гедачи! Не ги делам луѓето по професија, селанец или граѓанин,не ми значи неговиот социјален статус, без разлика дали е доктор, хирург или обичен селанец од нива. Сакам да настапам пред секој кој ужива да ме слуша и ми дава енергија.

Мојата најгоелма желба , без разлика на материјалните околности, знам како е да имаш и малку, но и многу. Сакам да оставам еден траен белег во макeдонската музичка историја како што оставиле Сареивски, Бадев, Васка Илиева, Војо Стојановски… кои би се слушале и 100 години по мене, не комерицијални песни, песни што се слушаат -два -три месеци па потоа никаде ги нема ни песната ни пејачот, туку што ќе останат во македонската музичка култура.

Би сакал да додје до една навика меѓу нашата публика псоебно кај помладите, постарите верувам слушаат нардона музика. За жал помладите се преокупурани со понакква мзука.

Среќен сум што направи „Ќе ти додјам“ душата ми се полни кога ќе видам како сите ја пејат во едне глас. Сакам плоштадите во македонија и да се пее македнска песна.

Го подготвувате ли новиот балкански хит?

Сега немам време да се затворам во студио и најтешко е да прогнозирам дали ќе направам нов хит. После ова што се случи и јас самиот се плашам дали ќе ја надмине некоја песна, песната  ЌЕ ТИ ДОЈДАМ. Јас верувам во моите способности како музичар, нема да правам механички песна туку сакам внимателно да им се псоветам, иако сум секогаш скромен сега ќе кажам верувам дека ќе направам песна уште поголем хит.Секој почеток е тежокнЈас веќе направив балкаснки хит , возот веќе тргна во тој правец, верувам дека и во иднина ќе се движам уште побрзо и поквалитетно со тој воз.

 

 

 

е.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button