Меган Маркл можеби ги диктира трендовите, но Кејт секогаш знае да избере модел со кој ќе го полуди целиот свет.
Познато е дека убавата Кејт сака да ги носи дезените со точки, а тоа го покажа и деновиве за време на заедничката посета со принцот Вилијам на детската болница Евекина во Лондон. Имено, војвотката за овој настан се појави во темнозелен фустан со средна должина, ракави со блага „пуф“ крој и интересна панделка на јаката, а она по што се истакна целото издание секако беше дезенот со мали бели точки.
Кејт впечатливиот зелен фустан го носеше со шпиц салонки со „опасни“ високи потпетици и плико чанта од превртена кожа, во загасита зелена нијанса, а со потписот на познатиот италијански дизајнер Џанвито Роси.
Mortimer Green Dotted Silk Dress – L.K. Bennett
Фустанот што го носи војвотката ни доаѓа од британската модна куќа „L.K. Bennett“, а неговата цена му е 645 долари.