Уште едно прекрасно издание на убавата војвотка
Кетрин Мидлтон и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, неодамна го посетија градот Блекпул на брегот на Ирското Море кој се наоѓа во северозападна Англија, а чизмите што ги носеше војвотката за оваа пригода сe уште предизвикуваат внимание во модните магазин.
Кетрин за оваа пригoда носеше фустан од модниот дизајнер Мајкл Корс. Фустанот беше со средна должина и со дезен со мотив на пердуви од паун, а целото издание го заокружи со темно зелен капут од Sportmax, темнозелена чанта од брендот Manu Atelier , црн шал и црни ракавици.
Сепак, клучен елемент во ова прекрасно издание на убавата Кејт се црните чизми до колена од модната куќа Ралф Лорен со високи потпетици и шпиц кои совршено се вклопија во стајлингот на 37 годишната војвотка.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Кејт?