Реклама
Наши ѕвезди

Вонсериска убавина- Елена Ристеска покажа колку малку е потребно да изгледа како божица

Реклама

Македонската пејачка и текстописец објави фотографии без филтер и покажа дека е вистинска убавица.

Елена на македонската музичка сцена успешно опстојува долги години и може да се пофали со многу богата кариера, но за време на корона кризата својата енергија ја насочи во еден поинаков правец.

Маркетинг

Таа основаше своја линија на парфеми и гелови за туширање „Ера козметикс“ што се покажа како доста успешна.

Елена не запира и секогаш знае како да ја изненади својата публика со нешто ново.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Таа е доста активна на социјалните мрежи, а со новите фотографии кои ги објави покажа дека е вистинска убавица.

-Не е потребен филтер, само совршената шминка на Даниел и малку дневна светлина-напиша Елена која не само што го пофали својот шминкер туку и покажа колку малку е потребно за да се истакне нејзината убавина.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Токму на овој човек таа неодамна му посвети емотивна порака за неговиот роденден.

„Сè е менливо во мојот живот само ти си константа. Убавец мој, брат мој, целата среќа на светов ти ја праќам затоа што ја заслужуваш. Твојата тага и среќа и твојата болка и радост ги чувствувам како да се мои. Некои луѓе еднаш ќе ти влезат во срце и остануваат засекогаш. Те сакам Дани“, напиша Елена.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Елена важи за девојка која го крие својот приватен живот, но она што сите го знаат дека семејството е нејзина најголема поддршка.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Нејзината внука засега е нејзина најголема љубов и обожава да го поминува времето со неа. Таа секој слободен момент го користи да биде со неа.

Елена својата кариера ја започна многу млада а пред точно 17 години победи на аудицијата на М2 продукција.

Сепак од тогаш па се досега таа гради успешна кариера со многу хитови и настапи како во Македонија така и во регионот.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button