Еве какви мерки воведуваат Германците во борбата против епидемијата
Германската канцеларка Ангела Меркел ги претстави новите мерки за забавување на ширењето на корона вирусот, а во прашање е ограничување на движењето и меѓусебните контакти, мерки за кои нема преседан во земјата во која има потврдено повеќе од 6000 заразени.
Ова се единствените мерки во историјата на Германија, но тие се неопходни за да се забави ширењето на корона вирусот, изјави Меркел на конференцијата претставувајќи го новиот пакет мерки во борбата со епидемијата. Таа најави затворање на повеќето продавници што не продаваат прехранбени производи и дека рестораните ќе работат скратено.
Меркел објасни дека нејзината влада, во договор со премиерите на сојузните земји, донесе пакет мерки кои треба да допринесат за намалување на социјалните контакти во Германија, која има потврдено 6.012 заразени, од кои 16 ги изгубија своите животи. Таа најави затворање на повеќето продавници кои не продаваат прехранбени производи и изјави дека рестораните ќе работат скратено, но и дека ќе мораат да гарантираат минимална оддалеченост измеѓу масите. Болничките посети ќе бидат ограничени на еднаш дневно, со дополнителни ограничувања за да се намали ризикот од ширењето на заразата.
„Колку подобро сите се придржуваме до овие правила толку подобро ќе ја поминеме оваа фаза. А јас мислам дека сите сакаме да поминеме низ ова колку што е можно побрзо“, изјави Меркел во своето обраќање пред медиумите.
Според податоците што ги објави германскиот институт Роберт Кош во изминативе 24 часа во Германија се потврдени 1174 нови случаи на зараза.
Не треба ни да има патувања на одмор, како во внатрешноста, така ни надвор од Германија, а рестораните можат да бидат отворени само од 6 до 18 часот со задолжително придржување до максималниот број на гости и оддалеченост измеѓу масите, изјави германската канцеларка.
Меркел на прес-конференцијата додаде дека забраната не важи за самопослугите, аптеките, продавниците за пијалаци и за домашни миленици, како и продавниците за градежен материјал и потреба за домаќинствата. Таа нагласи дека се работи за мерки што ќе траат ордедено време и дека ќе се контролира нивното спроведување, о и се надева дека граѓаните ќе ги почитуваат овие мерки.
И во Македонија спуштени рампите на граничните премини
Министерот Никола Димитров предупреди дека дека доколку некој отпатува, не се знае кога ќе може да се врати.
„Не патувајте. Тој што планира да патува, неизвесно е кога ќе може да се врати бидејќи државите затвораат граници, аеродроми. Немаме контрола врз границите на трети држави. Време е да седиме дома, да бидеме храбри и смирени. Тие, пак, што имаат регулиран престој во трета држава, да се воздржат од враќање и да ги следат препораките на тамошните власти“, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров на вечерашната прес-конференција во Владата.
Пет нови случаи во Македонија
Mинистерот за здравство, Венко Филипче вчера на прес-конференција изјави дека има пет нови позитивни пациенти, и двајца кои се тестирани во друга лабораторија кои ќе треба да се потврдат. Позитивна е жена на возраст од 54 години од Скопје која се вратила од Холандија. Се контактираат луѓето кои со неа допатувале во авион од Виена.
„Најдени се контакти од сите од семејството, контактирани се членовите на фамилијата, возачот на таксито којшто ја возел од аеродром до дома“, изјави министерот и додаде дека другите позитивни се од Дебар. Уште два случаи треба да се потврдат утре, иако веќе се тестирани, а се работи за луѓе од Скопје.
Во болницата на Жан Митрев се пожалиле на симптоми двајцата луѓе, тие се позитивни, но се чека нивните тестови да бидат потврдени.