Водителот од „Ѕвездите на Гранд“ има 18 години помлада сопруга – НАЈСИМПАТИЧНАТА љубовна приказна што ќе ја прочитате денес
Сопругата на познатиот водител Воја Недељковиќ е докторка, која неодамна стана специјалист по трансфузиологија.
Инаку, Маја е 18 години помлада од популарниот водител, а како што пишуваат медиумите, таа ги држи сите конци.
Војо и Маја се во брак две децении, а Маја досега никогаш не изразила желба да биде дел од јавниот свет.
Тие имаат син Ѓорѓе, а водителот не ретко знае да открие по некој детаљ од своето семејство. Па така тој неодамна, во емисијата „Практична жена“, во која беше гостин, за својата сопруга го истакна следново:
„Ние сме две дивергентни работи“.
„Таа заврши медицина, а јас по биологија одвај имав тројка и тоа на шмек, но ние сме спротивност која се привлекува“, изјави тој во шега.
Како таа изгледа погледнете во продолжение:
Инаку, Војо со својата сопруга прв пат ја има сретнато на телевизија, а по неколку месеци гледање ќе ја започнат врската.
Нивниот син ќе се роди три дена по свадбата, неколку месеци откако почнале да живеат заедно.
„Таа во многу работи е позрела од мене, а во нашиот случај не постои судир на генерации. Не сакам стереотипи, па затоа и во работата соработував и со постари и со помлади луѓе што го сметам за големо богатство.“
„Мислам дека, како што секој народ заслужува баш онаков владар каков што има, секој маж, па и јас, има жена каква што заслужува“, изјави Воја во една пригода за „Стори“.
Фото: Инстаграм/ Воја Недељковиќ
https://www.instagram.com/p/Cbu8_hPA3ou/
https://www.instagram.com/p/CZW9xTrA7IG/
https://www.instagram.com/p/CXB9p1ErUi-/
https://www.instagram.com/p/CShntFjAJrP/
https://www.instagram.com/p/CSRfUeJjZYn/
https://www.instagram.com/p/CRzFfy2Ld1S/
https://www.instagram.com/p/COaM4DtHdeF/