Водителот на „Заспиј ако можеш“ со инспиративен статус кој ќе ве подзамисли
Неговите статуси привлекуваат огромно внимние од корисниците на Фејсбук.
Познатиот водител и новинар Драган Милосавјевиќ, ко-водител во емисијата „Заспиj ако можеш“ на Алфа ТВ, постојано објавува интересни, критички статуси, поврзани со политиката, актуелните случувања во општеството, но не ретко ќе објави и нешто што е поврзано со неговата приватност, неговиот личен живот, па дури и семејството.
Неговите статуси привлекуваат огромно внимние од корисниците на Фејсбук.
Овојпат ни го привлече вниманието со неговата денешна објава која е навистина едноставна, но со силна порака.
Имено, новинарот раскажува како бил на прошетка со Сноу, по мало истражување ни се потврди тезата дека тоа е неговото куче.
Еве што напиша Милосавлјевиќ на Фејсбук:
Шетаме јас и Сноу и размислуваме за суштината на животот. Кога таму на астал пред локалното црквиче седнале десетина добри ликови. Викам, Сноу доста филозофираме, ајде да видиме што прават овие. А на масата пред нив сирење, туршија, ракија и пиво. Се мези, се пие. Велам: Што славите господо драга? Велат, ама баш ништо. Па чекајте малце, зашто туршија и ракија, зашто весел разговор, мора да има некој повод? Велат, добро кога толку сакаш да знаеш, славиме дека е сабота, славиме дека надвор има сонце, дека сме живи и здрави. Доволно ли е?
-Доволно е велам и здрмнувам една ракија. Доволно е и тоа како. На човек малку му треба да биде среќен! – стои на статусот на новинарот.
Фотографиите се преземени од јавно објавените фотографии на фејсбук- профилот на Драган Милосавјевиќ