Една од најсексапилните жени на светот, мексиканската водителка Јанет Гарсија се повлекува од работата.
Познатата оди во Америка да живее заедно со своето момче, а на нејзиното место ќе дојде Алеира Авендано која е позната како латинска Барбика.
Ова име го има добиено како заради својот изглед, така и заради бројните пластични операции што ги има направено.
Имено, оваа убава девојка од Венецуела има направено дури 38 операции и за сите нив отворено зборува,
„Градите ги зголемував седум пат, а на носот пет пати имам направено операција, 18 пати сум била на липоскулптура, ја имам коригирано и усната, забите, нема нешто што не сум направила“, изјави своевремено Алеира.
„Имам вложено 200.000 долари во операции, но и време, труд и посветеност. Никогаш не сум се плашела да одам под нов бидејќи секогаш одев кај специјалист и истражував за зафатот што го правев“, додава таа.
Таа покрај операциите што ги има направено носи и корсет за да го обликува телото и за да изгледа подобро.
Таа корсетот, според нејзини зборови, го носела по 23 часа дневно, 9 години, а го соблекувала само кога се бањала.
Таа корсетот, според нејзини зборови, го носела по 23 часа дневно, 9 години, а го соблекувала само кога се бањала.