Водителката ја победи болеста и сега ужива во животот со пријателите – еве што ја прави најсреќна (фото)
Лила повторно во својот омилен костим за капење, покажа како ужива на егзотична дестинција
Водата мирува, но не и нашата Лила…
Познатата водителка Лила Филиповска реши повторно да си даде малку простор за одмор и овој пат својот мир го пронајде на Малта.
Ова егзотично место очигледно и годи на водителката за овој период од годината, па таа максимално го искористи убавото време.
И откако сподели неколку фотографии од патувањето Лила покажа и како ужива во костим за капење, па веднаш предизвика бројни реакции од своите обожаватели кои ја почестија со комплименти.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката не крие дека ужива во ваквите свои егзотични патувања, а фановите редовно ги известува за она што и се случува.
Инстаграм/ Лила Филиповска
И секако дека нејзините провокативни фотки во костим за капење и овој пат никого не оставија рамнодушен.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа позираше во едноделен костим за капење во црн боја, кој идеално го истакна нејзиното тело, но и раскошните облини.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Од накит Лила носеше впечатлива огрлица од познат бренд, а целото издание го заокружи со своите тренди очила за сонце.
Повеќе фотографии на Лила од ова егзотично „есенско“ патување погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Лила Филиповска
Жена која никогаш не се предава
Потсетуваме, Лила пред неколку години се соочи со тежок период во животот откако и беше дијагностициран рак на дојката.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Но таа не само што успеа да ја победи болеста, туку и преку своите објави ги охрабрува жените што се нашле во слична ситуација, истовремено кај сите подигнувајќи ја свеста за оваа болест.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Па така таа тоа го направи и деновиве споделувајќи една заедничка фотографија со Ана Дорник, за која вели дека се сестри по дијагноза.
„Октомври е месецот за подигање на свеста за ракот на дојката ! Драги мои дами ракот е излечива болест ако на време и рано се дијагностицира! Затоа не чекајте , закажете го вашиот термин и уживајте во здрав и долг живот затоа што светот ги памети само победниците… ве сака Ваша Лила“, напиша Лила под оваа нивна заедничка фотографија.