Водителката од Пинк ТВ е спасена – раката успешно сошиена

Како што пренесуваат српските медиуми, операцијата на водителката на Пинк ТВ поминала успешно.

Операцијата траела многу долг и била тешка, но тим од доктори успешно ја сошиле раката која утрово и ја откина автобус во тешка сообраќајна несреќа.

ADVERTISEMENT

Како што пренесуваат српските медиуми, операцијата поминало во најдобар ред, траела долго и била мошне тешка, но на крајот докторите сепак успеале да и ја спасат раката на водителката Деа Ѓурѓевиќ и успешно да ја вратат циркулацијата во откинатиот екстремитет. Таа пред да стигне во телевизијата на утринската програма беше покосена од градски автобус додека стоеше на тротоарот.

 

Како што објави „Ало”, несреќата се случила откако водителката имала полесен судар со друг автомобил. Во моментот кога излегувала надвор од нејзиното возило, за да се договори со возачот со кој се судриле што да прават, налетал градски автобус и и’ ја откинал раката.

 

 

 

Facebook Comments
(Visited 3.386 times, 1 visits today)