Водителката на „Ѕвездите на Гранд“ запросена и тоа во живо – сите ШОКИРАНИ од веста, ова никој не го очекуваше од неа!
Водителката на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет, веќе шест години живее во вонбрачна заедница.
Таа по разводот немаше желба повторно да застане на лудиот камен, а за медиумите не ретко зборуваше дека воопшто не и е важно чие презиме ќе стои зад вратата на нејзиниот дом се додека во него владее среќа.
Но овие денови во голем број медиуми можеше да се прочита наслов дека убавата водителка на „Ѕвездите на Гранд“ е запросена.
Имено, Сања во една емисија пред публиката доби преубав подарок. Во прашање е накит што го доби од пејачката Милица Павловиќ, и бидејќи таа, додека и го ставаше накитот, клекна на колена, првото нешто што секој би помислил е дека дојде до запросување, секако во шега.
Во прашање е нараквица со меморија на кој е снимен новиот музички албум на познатата пејачка.
Како изгледаше запросувањето, односно додека Милица и ја ставаше нараквицата, Кужет покажа на Инстаграм.
Инаку, Сања важи за една од најатрактивните и најхаризматичните водителки во регионот. Таа својата среќа ја пронајде со бизнисменот и маркетинг директорот Немања Живојиновиќ со кого го има синот Страхиња, додека од првиот брак со поранешниот сопруг го има синот Андрија.
Водителката не сака премногу да ја експонира својата интима во јавноста, па нејзиниот сопруг ретко го гледаме.
Таа неодамна призна дека со Немања била во врска и во младоста, пред да се омажи за својот поранешен сопруг.
„Една информација што не е позната за јавноста е дека на почетокот на дваесеттите години бевме во емотивна врска. Кога десет години подоцна повторно се пронајдовме, го прескокнавме тој вовед и запознавањето“, изјави Кужет во една пригода за српскиот „Блиц“.
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
z
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет