Водителката Деа Ѓурѓевиќ пет месеци по несреќата се врати на својата водителска работа

Тешкиот период и сообраќајната несреќа се зад неа, а во закрепнувањето и помага и нејзиниот домашен миленик. Таа откри дека во својот дом, покрај мајката Ненси живее и со своето куче, Бебица.
Бебица по тешката сообраќајна несреќа која што и се случи на Деа во февруари само повремено доаѓа во нејзиниот стан и тогаш не се знае кој е порадосен – водителката и нејзината мајка, или нивното куче.
ADVERTISEMENT

Имано, мајката на Деа цело време е со неа и не ја остава ни минута сама.

Таа престана да оди на работа и животот го подреди за да и биде поддршка на својата наследничка во овие тешки моменти и во нејзината борба, а кучето мораше некое време да го дадат на чување.