Вирално

Водителката на која поранешното момче и го уништи лицето со киселина сега имаше голем повод за славење- Доби низа честитки!

Денес е среќно мажена...

Advertisement

Британската водителка, писателка и поранешна мисица Кејти Пајпер неодамна го прослави својот 40-ти роденден.

Advertisement
фото инстаграм/Кејти Пајпер

– Годините се подарок што не го добиваат сите. Затоа, среќен ми роденден – напиша накратко таа во нејзината објава на социјалните мрежи и сподели своја фотографија.

фото инстаграм/Кејти Пајпер

Следбениците и нејзини обожаватели и испратија убави желби и честитки, а не изостанаа ниту комплиментите.

фото инстаграм/Кејти Пајпер

„Најубава си“, „Каква сила се гледа во твоите очи“, „Ти си нашиот борец, нашата ѕвезда“, беа коментарите.

Доживеа напад од нејзиното момче

Во 2008 година Кејти беше жртва на ужасен напад од страна на нејзиното тогашно момче Даниел Линч.

Даниел се занимавал со боречки вештини, а тој бил опседнат со водителката и наводно ја следел уште пред да се запознаат.

фото инстаграм/Кејти Пајпер

Откако побарала да раскинат, Даниел резервирал хотелска соба во Бејсвотер, а потоа ја силувал, ја претепал, ја расекол со жилет и ја прободел неколку пати по рацете. Кога стигнала дома, Кејти повикала полиција, но не кажала ништо бидејќи се плашела од него.

фото инстаграм/Кејти Пајпер

Два дена подоцна, Даниел му платил на човекот, Стефан Силвестер, да ја нападне. Мажот и пришол и истурил киселина на лицето. Кејти останала целосно слепа на левото око, проголтала дел од течноста, а подоцна поминала 12 дена во индуцирана кома.

фото инстаграм/Кејти Пајпер

Кожата и коските на лицето и биле уништени и повеќе од една година не излегувала во јавност. Имаше повеќе од неколку стотици естетски зафати и операции, а во 2015 година се врати на телевизија.

– Се плашев од мажите, па дури и од сите луѓе. Се сеќавам колку не сакав никој да ме види – изјавила Кејти во интервјуата.

фото инстаграм/Кејти Пајпер

По ужасниот настан, Кејти ја напиша книгата „Beautiful“ во која го раскажа своето трауматично искуство. Покрај тоа, таа ја основаше фондацијата Кејти Пајпер за да ги охрабри и поддржува луѓето кои живеат со изгореници и лузни и доби бројни награди и признанија за нејзината добротворна работа.

фото инстаграм/Кејти Пајпер

Некои од наградите што ги доби се Жена на годината и Гордост на Британија.

Денес, Кејти е среќно мажена за Ричард Сатон, со кој има две ќерки.

фото инстаграм/Кејти Пајпер

фото инстаграм/Кејти Пајпер

фото инстаграм/Кејти Пајпер

фото инстаграм/Кејти Пајпер

фото инстаграм/Кејти Пајпер

фото инстаграм/Кејти Пајпер

фото инстаграм/Кејти Пајпер

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button