Водителката Милена од Канал 5 во овие црни кожни панталони изгледа фантастично

Познатата водителка блескаше во потполно неочекувано издание и ги воодушеви сите

Фото: Инстаграм/ Милена Антовска

Позната како жена која го сака женствениот, елегантен стил, водителката Милена Антовска Станковска потполно позитивно не изненади со ова феноменално издание кое може да ни послужи како модна инспирација оваа есен.

И додека многумина се навикнати да ја гледаат во елегантни фустани и здолништа кои лесно ќе ја освојат секоја жена, познатата водителка во едно од своите последни изданија носеше нешто потполн неочекувано, но истовремено и шик со што ги изненади своите пријатели и фанови.

ADVERTISEMENT

Фото: Инстаграм/ Милена Антовска

Црните кожени панталони фантастично ја отсликаа нејзината беспрекорна линија на која многу нејзини колешки можат да и завидуваат, додека во горниот дел носеше интересна блуска со риги која одлично се вклопи во целата приказна.

Шармантната Милена целото издание го заокружи со елегантни високи потпетици со кои придонесе целото издание да изгледа уште подобро и неодоливо.

Па, што мислите за ова издание на Милена?

Facebook Comments
(Visited 85 times, 1 visits today)