Водителката Ели Танасковска ја омажи ќерката: Свадба за паметење – невестата како ПРИНЦЕЗА
Популарната македонска водителка ја омажи ќерката, а свадбата беше бајковита.
Ќерката на водителката Танасковска изгледаше како принцеза на својата свадбена веселба.
Водителката Ели Танасковска која цела своја кариера е верна на Македонската телевизија повеќе од 30 години е дел од малите екрани.
Од саботно-неделните утрински емисии, преку неделните попладниња, магазини, до фолк емисиите и фестивалските фолк изданија, кои последниве години ако не и децении не можат да минат без неа како водител.
Она што малкумина го знаат за неа е тоа дела зборува повеќе јазици, магистер е по Културни науки, и има неколку специјализации.
Нејзината вонвременска убавина е нешто на кое ѝ завидува секоја жена.
Водителката е сѐ поубава од година во година, а грижата за себе ја започнала уште кога имала 25 години.
Долги години е во брак со својот сопруг Златко. Плод на нивната љубов се нивните две ќерки Симона и Леона.
Освен тоа Ели има и нова животна улога – баба.
Нејзината ќерка Симона која долги години живее во Канада стана мајка и на свет ја донесе малата Изабела, која сега е центар на внимание во семејството.
Денививе имаше прекрасна причина за славење во нивното семејство.
Нејзината ќерка Леона стапна на „лудиот камен”, а свадбата изгледаше бајковито.
Леона за оваа пригода избра невестински фустан во кој буквално изгледаше како принцеза.
Гордата мајка пак се одлучи за долг портокалов фустан кој одлично ја следеше нејзината фигура.
Фотографии од веселбата беа споделени на социјалните мрежи. Погледнете:
ФОТО: Фејсбук / Леона Танасковски
ФОТО: Фејсбук / Леона Танасковски
ФОТО: Фејсбук / Леона Танасковски
ФОТО: Фејсбук / Леона Танасковски
ФОТО: Фејсбук / Леона Танасковски
ФОТО: Фејсбук / Леона Танасковски
ФОТО: Фејсбук / Леона Танасковски
ФОТО: Фејсбук / Леона Танасковски
ФОТО: Фејсбук / Леона Танасковски
ФОТО: Фејсбук / Леона Танасковски
ФОТО: Фејсбук / Леона Танасковски