Внучето на Цеца го крстија во црква – мајката Богдана заблеска во бело, Цеца никогаш посреќна (фото)
На балканската фолк-дива никогаш не и се случувале толку убави работи како во последно време
Вељко и Богдана Ражнатовиќ неодамна добија трето машко дете на кого му го дадоа името Исаија.
Тие денес го крстија синот Исаија во црква, а на интимната прослава покрај мајката и татко беше и нивниот најстар син Жељко.
Богдана за оваа пригода изба бел фустан во кој блескаше, а Жељко носеше црна маичка и црни панталони.
Инстаграм
Потсетуваме, кога малиот се роди, неговата баба Цеца Ражнатовиќ во својата вила во Белград организираше голема прослава.
Инстаграм
На прославата беа бројни познати личности, а Цеца во еден момент се фати за микрофонот и направи одлична забава.
Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, по враќањето од Германија каде беше заедно со својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, но и својата мајка, Цеца Ражнатовиќ, и каде ја бодреше репрезентацијата на Србија, ги спакува куферите и замина на Ибица.
Инстаграм
Таа објави фотографија од аеродромот, очигледно возбудена од ова патување, но и максимално подготвена за уживање.
Инстаграм
Инаку, Вељко благодарение на спортот, но и школувањето на Кипар, им стекнато многу пријатели така што за секој син избра по еден кум.
Најмладиот син Исиаја денес му го крстеше еден од најдобрите пријатели од Кипар, Христос Критикос.
Инстаграм
Познато е дека мајката на Вељко со години има куќа на ова место во Грција каде нејзините деца поминуваа многу време.
На фотографијата направен во црквата се гледа како Христос го држи малиот Исаија во рацете, додека покрај него се Богдана и малиот Жељко, но и Вељко.