Внукот на Амди Бајрам си доби СКАПОЦЕНА МАШИНА за роденден – татко му Габриел му купи нов автомобил!
Погледнете го подарокот што Габриел Бајрам му го купи на својот син Валентинму го купи татко му Габриел
Габриел Бајрам на својот син Валентин му приреди вистинско изненадување за неговиот роденден.
Како што може да се види од објавите на социјалните мрежи, атмосферата на роденденската забава беше на ниво, а најголемото изненадување беше кога Габриел му го покажа скапоцениот подарок.
Имено, таткото овој пат реши да го израдува својот наследник со скапоцен автомобил што Валентин си го доби како роденденски подарок.
„Најмоќниот…може да клекне! Најбогатиот… може да осиромаши! Најсреќниот… може да тагува… Најслабиот…може да стане храбар! Најмирниот… може да рикне! И камениот човек, понекогаш може да плаче! Тоа го може само таткото!!! Таткото може да ти се радува, да те направи среќен, да те почитува и сака но исто и да прекорува и ти се налути…
Но знај дека тоа е за тебе, за твое добро сине…
Единствената причина поради тоа што сум сеуште Габриел Бајрам е мојот син Валентин Бајрам.
Среќен роденден, кралу мој“, напиша Габриел под фотографијата од неговиот син што ја објави на својот профил на Фејсбук.
Валентин вчера наполни 21 година, а на неговиот роденден беше и познатата инфлуенсерка Агнеса Органџиева.
Таа на својот профил кој што го следат речиси 100.000 луѓе покажа како изгледаше раскошната роденденска прослава.
Повеќе детали од прославата погледнете во продолжение:
Инаку, Валентин е внук на покојниот Амди Бајрам, кој беше еден од најпознатите политичари од ромската заедница во Македонија.
Амди почина само неколку дека откако ја направи свадбата на својата внука Перјан, која исто така е ќерка на неговиот син Габриел.
Амди на Перјан и направи раскошна свадба во Турција и на церемонијата беше горд и пресреќен што неговата внука се мажи. Тоа може да се види и од фотографиите од свадбата што беа објавени на социјалните мрежи, а кои останаа еден од последните спомени за него.