Реклама
Вирално

ВНИМАТЕЛНО: Во екот на корона овие лекови можат да ви ја влошат состојбата

Реклама

Внимателно овие лекови можат да ја влошат состојбата на боoлните од Ковид-19.

lekovi odmor cr

Французите предупредуваат дека Нурофен и Диклофенак (го има во лекови за болки во мускулите, како Волтарен), можат да ја влошат состојбата на пациентите со коронавирус.

Маркетинг

Па така министер за здравство Оливие Веран на Франција вели дека лекови што содржат нестероидни средства како што се ибупрофен и кортизон можат да ја влошат состојбата на пациентите со коронавирус.При покачена температура само лекови што содржат парацетамол треба да се користат без да се надминат пропишаните дози, објави Фигаро.

Француското Министерство за здравство објави и список на непрепорачани производи.Познато дека антиинфламаторните лекови претставуваат ризик за лицата со заразни болести бидејќи имаат тенденција да го намалат одговорот на имунолошкиот систем на организмот.

Маркетинг

Веран препорачува пациентите да примаат парацетамол затоа што „тоа ќе ја намали треската без да има потенцијално лоша реакција на воспалението”.Веран додаде дека 98 отсто од заболените од новиот коронавирус оздравеле.

Кај нас од вчера важат нови мерки со цел зајакнување на мерките за заштита од корона вирус:

Затворање на сите копнени гранички премини во Република Северна Македонија, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце кои да бидат отворени за премини на патници и возила;

Прекинување со работа на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, односно затворање на граничниот премин на овој аеродром, после 48 часа од донесувањето на оваа мерка;

Забрана на влез на територија на Република Северна Македонија на странски државјани и од земјите со среден ризик согласно листата на Светската здравствена организација објавена на веб-страницата на Министерството за здравство, освен за оние лица за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по мислење од Главниот координативен кризен штаб кои ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Овие лица да влезат во нашата држава под посебни услови и заштита согласно протоколот на Министерството за здравство;

Затворање за посетители сите продавници во молови на територијата на Република Северна Македонија, освен супермаркети, продавници за храна и аптеки.

Сите останати правни лица можат да работат и да остваруваат продажба на алтернативен начин (преку онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл) и да вршат достава на нарачките;

Се забранува целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници.

Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи!, информираше вечерва преку својата Фејсбук страница министерот за здраство Венко Филипче.

Ново работно време на трговските центри.Трговските центри Скопје Сити Мол, Рамстор Мол и Капитол Mол најавуваат дека до сега ги подржуваа сите донеси одлуки и во иднина ќе ги подржуваат сите донесени одлуки на владата на Република Северна Македонија.

„Сакаме да ја известиме јавноста дека здравјето на граѓаните е пред се, и до донесување на одлука од владата за работењето на трговските центри сакаме да Ве известиме дека горенаведените трговски центри ќе работат со скратено работно време односно од 11:00 до 19:00 часот Здравјето на граѓаните ни е на прво место и ќе ја подржиме секоја одлука на владата на Република Северна Македонија. Промената на работното време ќе остане се додека владата не донесе одлука за работа на трговските центри во државата. Заради моменталната ситуација и потребите на граѓаните кои живеат во околните населби и град Скопје, аптеките и маркетите во трговските центри остануваат да работат со редовно работно време од 08:00 до 22:00 часот. Новото работно време започнува од денес“, наведуваат во соопштението.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button