Групата „Рибља чорба“ мораше да ги откаже концертите поради „нарушената здравствена состојба“ на пејачот Бора Ѓорѓевиќ, објавија музичарите на својата официјална Фејсбук страница.
Според информациите, групата засега нема да настапува бидејќи лекарите му забраниле да патува поради тешка пневмонија.
Маркетинг
Здравствената состојба на музичарот Бора Ѓорѓевиќ е влошена и во моментот се наоѓа во болница во Љубљана.
Има проблеми со белите дробови, прима висок кислород на респиратор и не може да се направи никаква операција – изјави за „Курир“ Бане Обрадовиќ, менаџер на групата „Рибља чорба“.
Маркетинг
Фронтменот на „Рибља чорба“ пред три дена беше задржан во болница во Љубљана поради проблеми со белите дробови.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .