Владата во Австралија планира да убие два милиони мачки

Австралиската влада излезе со идеја да елиминира два милиони мачки поради тоа што го нарушуваат животот на автохтоните видови.

Целта е да го намалат влијанието на дивите мачки, не само поради тоа што ги уништуваат автохтоните видови, туку и поради влијанието врз австралиските фармери.

ADVERTISEMENT

Планирано е да се убијат дури два милиони мачки до 2020 година, бидејќи мачките придонеле за исчезнување на 27 автохтони видови откако биле донесени од Европа уште од 1700 година.

Дел од планот е и труење на мачките со колбаси, кои освен отровот, во себе ќе содржат месо од кенгур, пилешка маст, како и разни билки и зачини.

Колбасите ќе бидат фрлени од авиони, во подрачјата каде што живеат мачките скитници. Откако ќе ги изедат, смртта се јавува за петнаесет минути. Една убиена мачка ќе вреди десет американски долари.

Иако претставниците од Здружението за заштита на животните „ПЕТА Австралија“ се згрозени и овој закон веднаш го прогласија како ужасен, тие сепак признаваат дека мачките се смртна закана за одредени видови.

Facebook Comments
(Visited 513 times, 1 visits today)