Реклама
Наши ѕвезди

Ви ја претставуваме најзгодната и најубавата докторка од Македонија – и во Кан сите се вртат по неа

Оваа млада дама едноставно нема мана

Реклама

Канскиот фестивал е синоним за добри, култни филмови, но и за висока мода без која не може да помине ниту еден црвен килим.

Па така додека траат презентациите на филмовите целиот Кан е полн со познати и влијателни луѓе од шоубизнисот.

И кога не ги посетуваат премиерите или конференциите, тие уживаат во едно од најмонденските места на светот, а тоа можевме да го видиме и од една од најпознатите македонски манекенки.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Елена Ѓорговска

Станува збор за Елена Ѓорговска (23) од Струга која покрај тоа што работи како модел, ќе биде и идна докторка.

Маркетинг

Имено, таа е студентка на Медицинскиот факултет во Скопје, а минатата година беше забележана и од една модна агенција од Милано каде што започна и со интернационална кариера како модел.

Фото: Инстаграм/ Елена Ѓорговска

Нејзиниот живот оттогаш се менува, па нашата идна докторка зачекори сериозно да плови во светот на моделингот, но и да ужива во слободното време во бенефитите од својата работа.

Фото: Инстаграм/ Елена Ѓорговска

Па така Елена додека имаше слободно време во Кан уживаше шетајќи се покрај ривиерата и познатите плажи, а на својот Инстаграм го покажа и хотелот во кој е сместена и како изгледа погледот од терасата.

Фото: Инстаграм/ Елена Ѓорговска

Манекенката потоа покажа и како се облекла за вечерен провод на ова монденско место, но и за опуштање во дневната прошетка.

Фото: Инстаграм/ Елена Ѓорговска

Таа најпрво се фотографираше во тренди црно фустанче со шик штикли, а потоа и во проѕирни панталони од тантела.

Фото: Инстаграм/ Елена Ѓорговска

Елена во овие свои изданија блескаше и зрачеше со својата елеганција и шарм, а таа е таква и кога го носи докторскиот мантил.

Фото: Инстаграм/ Елена Ѓорговска

Во продолжение погледнете уште неколку фотки од оваа наша природна убавица за која сме сигурни дека ќе ве стави без здив.

Фото: Инстаграм/ Елена Ѓорговска

Фото: Инстаграм/ Елена Ѓорговска

Фото: Инстаграм/ Елена Ѓорговска

Фото: Инстаграм/ Елена Ѓорговска

Фото: Инстаграм/ Елена Ѓорговска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button