Реклама
Хороскоп

Ви откриваме зошто служи кандилото и зошто се пали пред икона

Реклама

Која е целта на кандилото, зошто служи и зошто се пали пред иконата на светителот на кого се молиме

Во црквата и во куќата, пред молитвата и литургијата, се пали кандило кое гори за време на литургијата. Многу верници се прашуваат зошто кандилото се пали пред иконата, која е целта на кандилото и какво значење има кандилото пред иконата на Исус Христос, Богородица или светецот за кој се молиме. Одговорот на ова прашање го пронајдовме во текстот на Светиот Епископ Николај Велимировиќ за значењето на кандилото во домот на верникот.

Маркетинг

Владика Николај – Мисионерски писма. Зошто се пали кандило пред икона

Прво, затоа што верата наша е светлина. Христос рече: Јас сум светлината на светот. Светлината на свеќата нè потсетува на светлината со која Христос ги осветлува нашите души. Второ, да не потсети на светлиот карактер на тој светител, пред кого го палиме кандилото. Зашто што светите се нарекуваат: синови на светлината. Трето, да ни служи како укор за нашите темни дела, и зли мисли и желби,и да не повикаат на патот на Евангелието. Да се потрудиме така ревносно околу заповедите на Спасителот, за да ви светне визијата пред луѓето да ги видат вашите добри дела.

Четврто, тоа да биде мала жртва за нашиот Бог, кој се жртвуваше за нас. Еден мал знак на голема благодарност и светла љубов кон ОНОЈ од кого, и молитва просиме, и бараме живот, и здравје и спасение и сето тоа од ОНОЈ што може да ни даде само бесконечна небесна љубов.

Маркетинг

Петто, да ги плаши злите сили, кои понекогаш нè напаѓаат и при молитва и ги одземаат нашите мисли на друга страна од нашиот Творец. Бидејќи злите силите сакаат темнина и се плашат од секоја светлина, особено од она што е наменети за Бога и Неговите придружници.

Шесто, за да нè потсети на внатрешното горење. Како што фитилот и маслото горат во кандилото, послушни на волјата наша, така нека горат и душите наши со пламенот на љубовта и на сите страдања, постојано покорни на Божјата волја. Седмо, за да нè потсети дека, како кандилот кое не може да се запали без нашите раце така ни нашите срце, нашето внатрешно светило не може да се запали без светиот оган на Божјата благодат, па и да е исполнето со сите врлини. Бидејќи Сите наши доблести се како гориво, и Бог е оган, кој ги бара.

Осмо, за да не потсети дека Создателот на светот првенствено ја создал светлина, па дури тогаш се’ по ред. И Бог рече: Да има светлина. И би светлина. Така, на почетокот на нашиот духовен живот, прво мора да сјае светлината на Христовата вистина и да свети во нас. Од оваа светлина на Христовата вистината потоа се создава и расте во нас секоја добра работа.

Светлоста Христова нека ве осветли и вас

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button