Ви откриваме зошто некои жени повеќе сакаат оженети мажи

Има случаи каде што претставничките на понежниот пол кои имале лоша врска во која нивниот партнер им бил неверен градат нови односи само со зафатени мажи, а има и такви кои тоа го прават поради други причини.

Постојат многу случаи каде што жените поради лошата врска од минатото во која нивниот партнер ги изневерувал да почнат да градат нови врски само со зафатени мажи, водени од логиката дека зафатениот маж нема да може доволно да им се приближи за да ги повреди.

ADVERTISEMENT

Дури 40 отсто од жените признале дека барем еднаш се обиделе да заведат човек кој веќе бил во врска или брак.

Многу експерти велат дека станува збор за еден од најчестите и најризичните модели на однесување – жените на кои им недостига самодоверба ги привлекуваат непристапни мажи. Ако некој маж ќе покаже искрен интерес за нив, тие ќе помислат: „Нешто не е во ред со него”.

И додека претставничките на ппнежниот пол, барем потсвесно, бараат сериозна врска, мажите најчесто бараат страст (малку секс надвор од бракот или врската).

Затоа, жените, особено оние кои бараат иден партнер, треба да бидат многу внимателни и добро да размислат пред да стапат во врска со оженет човек. Иако не живееме во педесеттите години од минатиот век, и денес ваквото „фаќање” со мажен човек е прашање на совеста.

Совети од експертите

Кога знаете дека нешто не е добро за вас, а вие се уште го правите тоа, тогаш проблемот мора да го решавате како да се работи за зависност, а не за љубов. Најдобар совет е да веднаш да запрете со таквата врска.

Некои жени, бидејќи се убедени дека не се создадени за вистинска љубов, со своето однесување поттикнуваат создавање на такви проблематични врски.

Сигурноста, самодовербата, вкусот на „забрането овошје”, сето тоа на прв поглед изгледа многу привлечно, но запрашајте се – има ли тоа перспектива?

Одговорот на ова крајно едноставно прашање ќе ви каже што треба да правите понатаму…

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed