Вишокот килограми се само бројка – Ивона од Куманово која растури на „Ѕвездите од Гранд“ во бикини испрати моќна порака до сите

Кумановката Ивона Јовановиќ беше една од најдобрите натпреварувачки во шоуто „Ѕвездите на Гранд

Но и покрај тоа што нејзиниот глас беше еден од најдобрите во музичкото шоу, многумина ја критикуваа поради вишокот килограми. Таа затоа во еден момент изјави дека Гранд никогаш не го прифатил нејзиниот изглед и затоа нејзиниот вокал никогаш нема да се продава таму.

ADVERTISEMENT

Таа тогаш ги замоли сите што имаат предрасуди за нејзиниот изглед и дебелина да го напуштат нејзиниот профил. Во меѓувреме Ивона реши да почне со вежбање, па на Инстаграм објави и фотографија со моќна порака до сите.

„Денешниот ден ми беше толку многу битен. Зошто? Затоа што после 4 години носам костим за капење и тоа јавно. Проблемот сум си го наметнала самата јас. Мислев дека во костим не можам да се појавам затоа што моето тело не е спремно за лето и за јавност. Се криев и не излегував во текот на летото на базени, одмори затоа што во средношколските денови добивав погрдни зборови од околината кога ќе се соблечев така во бикини.

Фото: Инстаграм/ Ивона Јовановиќ

Балканот ни сервира како нормални да бидеме дефинитивно. Мене ми сервираше до денес. Од денес па натака ќе го ослободам умот од тие предрасуди.

Мислите што сакате. Дури и денес на базен добив неколку погрдни зборови, зад грб секако.

Некои од вас и ме сликаа на базенот но ако. Истите слики од денес може да ги ставите на позадина на телефон.

Затоа што од денес гордо ќе чекорам и одам во костим. Секое тело заслужува шанса и прилика да ужива.

Моето тело ме служи цел живот и вечно ќе сум му благодарна. А можам и да му се извинам што воопшто сум помислила дека не е совршено.

Секоја несовршеност на него денес ја засакав.

Се извинувам на моето тело. A на вас кои ќе ја споделите сликата и ќе прокоментирате како групата на примитивни луѓе денес на базен можам само да ви посакам љубов. Да го засакате вашето тело и ум половина колку што јас си го сакам ќе ви биде доволно и ќе сте исполнети.“

Нејзината објава предизвика големо внимание на социјалните мрежи, по што следуваше уште една интересна објава.

Фото: Инстаграм/ Ивона Јовановиќ

Еве што напиша таа:

Тој ден кога го облеков костимот за капење сфатив дека дефинитивно тежината не е таа која ме дефинира како човек. Тежината e само бројка која од тој ден решив воопшто и да не ја забележувам во бележниците. Па некој ден доколку сум покачила 200 грама да се казнувам. Не!

Повеќе не.

Сакам да живеам. Сакам слободно да се движам. Сакам да дишам слободно. Кога излегов од пресоблекувалната и го облеков костимот велев на глас дека не можам да дишам. Мозокот ми се бореше и сигурно го прифаќаше фактот дека повеќе нема да може да контролира.

Готово крај е. Ова е крај на еден нов почеток.

Врвот всушност е секој ден!“

Facebook Comments
(Visited 2.075 times, 45 visits today)