Вистинско чудо – авионска несреќа во која сите патници преживеаја, пилотите направија нешто неверојатно
Еве како 150 патници преживеаја страшна авионска несреќа
Авион со неверојатна прецизност се спушти на река и немаше ниту еден загинат патник во ова несреќа.
Во јануари 2009 година авион „Erbas A320“ на летот 1549 полета од аеродромот „LaGuardia“ во Њујорк кон аеродромот „Charlotte Douglas“ во градот Шарлот во Северна Каролина. Но само две минути по полетувањето, североисточно од мостот Џорџ Вашингтон, на висина од 859 метри, авионот на „US Airways“ се судри со јато канадски гуски, по што му откажаа и двата мотори.
Капетанот Челзи Сали Саленбергер и копилотот Џефри Скилс беа известени дека не можат да се вратат на аеродромот од кој полетале, но и дека сите околни аеродроми се недостапни. Од тие причини тие беа принудени да слетаат на рекала Хадсон сред бетонската џунгла на Менхетен.
Тоа го направија маестрално, така што сите 150 патници и три членови на посадата ја преживееја авионската несреќа.
Најголема среќа беше во тоа пто авионот го управувал поранешен воен борбен пилот и врвно стручно лице за сигурност во авион.
Тој успеа со неверојатна прецизност да го спушти огромниот авион на реката и тоа во центарот на еден од најнаселените градови на светот заради што оваа приказна беше прогласена за чудо на реката Хадсон, а по неа беше снимен и филм со Том Хенкс.