Реклама
Наши ѕвезди

ВИСТИНСКИ ДОМАЌИНИ – еве што подготвија за коледарите МАКЕДОНСКИОТ ВОДИТЕЛ и неговата убава сопруга

Реклама

Домаќински, уредно, македонскиот водител и неговата сопруга ги подготвиле даровите кои планираат да ги дадат на секое коледарче кое ќе им тропне на врата.

Ова е најубавиот период од годината.

Маркетинг

Гоце Андреевски, сегашниот портпарол на Министерството за внатрешни работи прва година по ред, Бадник и Божиќ ги дочекува како оженет човек.

Својата водителска кариера ја започна уште на најрана возраст, а со текот на годините беше дел од различни телевизиски проекти.

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

Публиката ја освои како дел од тимот на водители на популарната емисија на Утринска на Телма.

Маркетинг

По информација дека емисијата ќе престане да се емитува, секој од водителите си го најде својот пат.

Гоце тогаш стана портпарол на МВР и сѐ уште е на таа функција.

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

Доста е активен на социјалните мрежи, а повеќето негови објави се поврзани со неговиот приватен живот и неговата сакана.

Со години важеше за еден од најпосакуваните ергени, но срцето на Гоце го освои убавата Даниела.

Јавноста ја следеше нивната љубовна приказна.

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

Водителот се одлучи за романтично запросување во Охрид.

„Св. Наум, извори, волшебна природна убавина…

Мир, тишина и вода бистра како Љубовта“, напиша тој во опис на фотографијата од запросувањето минатата година.

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

Годинава се одлучија и за свадбена церемонија.

Водителот често споделува фотографии од него и Даниела, а овој пат покажа и какви домаќини се.

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

Божиќните празници носат голема среќа во сечиј дом каде што се слават, а најмногу кај најмладите.

На Бадник наутро сите чекаме коледари да ни заѕвонат на врата, па во секој православен дом даровите за нив се подготвуваат уште од вечерта.

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

Гоце и Даниела навистина се потрудиле така што за секое дете подготвиле по едно мало пакетче во кое има спакувано чоколади, бонбони, костени и овошје.

За многу години празникот!

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button