Со Џенифер се пофали и нејзиното момче, поранешниот бејзбол играчот Алекс Родригез, кој на Инстаграм објави видео на кое актерката танцува околу шипка
Американската пејачка Џенифер Лопез (49) веќе некое време е зависник од вежбање, а нејзиното последно појавување во јавноста уште еднаш ги израдува обожавателите. Додека излегуваше од салата, секси Џеј Ло беше облечена само во тесен, розов горен дел и уште потесни хеланки.
Како што тврди таа самата, рецептот за нејзиниот изглед не се некои чудесни препарати ниту пак естетската хирургија, туку во тренирањето на кое целосно му е посветена.
Џенифер дури и кога тренира избира провокативни комбинации, а погледот на минувачите го привлекуваше и со тесните хеланки под кои се гледа нејзината неверојатна линија.
„Џенифер е како виното. Колку е постара, толку е подобра. Може да биде благодарна на генетиката, но главниот клуч за успехот е во соодветната исхрана. Таа е многу дисциплинирана за она што го јаде и не пие алкохол. Нејзиното тело е храм“ – изјави неодамна нејзиниот личен тренер Дејвид Кирш.
Џенифер периодов се подготвува и тренира за новиот филм „Hustlers“ во кој ќе глуми егзотична танчерка. За да што подобро се соживее со улогата, актерката со помош на инструкторка вежба танцување на шиpка. За оваа пригода беше облечена во црни, кратки панталони и впечатливи чевли со висока платформа, а нејзиниот сопруг, инаку поранешен бејзбол играч, Алекс Родригез (43) на Инстаграм го објави видеото на кое Џенифер танцува околу шипката.
https://www.instagram.com/p/BuCZ-FqA80P/