Реклама
Вирално

Висока температура, црвени очи, отоци и осип – ова се симптомите на ОПАСНИОТ Кавасаки синдром од кој заболуваат најмалите

Реклама

Во Македонија во последните два месеца се регистрирани две деца со симптоми слични на Кавасаки синдромот.

Фото: Илустрација

Во последните неколку недели, за време на пандемијата, забележани се случаи на нов синдром кој наликува на Кавасаки кај повеќе од 200 деца во САД и Европа, од кои две ја изгубија битката со болеста. Децата имале воспалително заболување придружено со висока температура, осип на кожата, зголемени лимфни јазли во вратот, црвени очи, дијареја, повраќање, воспаление на sидовите на крвните садови.

Италијанските научници тврдат дека постои јасна поврзаност помеѓу вирусот корона и оваа воспалителна болест, затоа што се покажало дека 80 проценти од децата со овие симптоми кои биле примени во болницата оваа година во телото имаат антитела на новиот вирус корона.

Маркетинг

Во Македонија во последните два месеца се регистрирани две деца со симптоми слични на Кавасаки синдромот, или познат како „Kawasaki-like“,  изјави за „Сакамдакажам.мк“, д-р Аспазија Софијанова, шефица на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести во Скопје. Едното дете било на осум, а другото на петгодишна возраст.

„Децата имаа исфрлување на кожата. По една недела осипот се повлече, но сметам дека симптомите слични на Кавасаки болеста беа последица од контакт со новиот коронавирус, иако тие немаа класични симптоми на КОВИД-19“, вели д-р Софијанова која го координира Ургентниот центар на Детската клиника за деца суспектни на коронавирусот.

Маркетинг

Децата се излекувани и веќе се дома.

Светската здравствена организација (СЗО) апелираше до сите клиники да бидат внимателни, откако Службата на Европската Унија за превенција од болести објави дека досега се регистрирани 230 случаи во Европа, а две деца од Франција и од Велика Британија го изгубија животот од новата животозагрозувачка болест кај децата. Директорот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом  ги повика сите клиники во светот да бидат внимателни, да бидат во контакт и да соработуваат со здравствените национални служби заради подобро запознавање со болеста.

„Станува збор за редок синдром, за кој не се познати причините за заболување. Но, новите истражувања покажуваат дека коронавирусот би можел да биде еден од иницијаторите кои влијаат на негово појавување“, вели д-р Софијанова.
Децата кои биле примени на Детската клиника во Скопје ги немале досега вообичаените познати симптоми на КОВИД-19. Имале температура, но, не многу висока и немале наод на белите дробови. Едното дете било тестирано на коронавирус и тестот бил негативен, вели оваа докторка.

За Кавасаки карактеристична е висока температура од 39 и 40 степени, што не се намалува повеќе од пет дена дури и со употреба на антибиотици и антипиретици. Докторите се сомневаат дека е Кавасаки кога висока температура е придружена со симптоми како што се осип на кожата, конјунктивит, црвени белки во очите, но без супурација, потоа отекување на лимфниот јазол во вратот, што обично е еднострано и безболно, испукан јазик, промени во слузницата на устата. Не постои лабораториски индикатор кој е специфичен за Кавасаки, но тој е индициран со целокупната клиничка слика со наведените симптоми – објаснува за српскиот „Блиц“ проф. Др. Предраг Миниќ, началник на пулмологија на белградскиот Институтот за здравствена заштита на мајка и дете „Др. Вукан Чупиќ“.

„Карактеристична е висока температура од 39 и 40 степени, што не опаѓа повеќе од пет дена дури и со употреба на антибиотици и антипиретици. Докторите се сомневаат дека е Кавасаки кога висока температура е придружена со симптоми како што се осип на кожата, конјунктивитис, црвени белки во очите, но без супурација, потоа отекување на лимфниот јазол во вратот, што обично е еднострано и безболно, испукан јазик, промени во слузницата на устата. Не постои лабораториски индикатор кој е специфичен за Кавасаки, но тој е индициран со целокупната клиничка слика со наведените симптоми – објаснува проф. Миниќ.

Фото: Илустрација

Кај повеќето деца во светот кои во изминатите неколку недели се пријавени со воспалителни заболувања имаат некомплетни симптоми на Кавасаки. Тие имаат висока температура, имаат конјунктивитис, а во поголем број случаи, подоцна почнуваат и нарушувања како што се повраќање и дијареја. Почесто се забележува и вклучување на срцевиот мускул и коронарните артерии, но имаат и слика на т.н. синдром на токсичен шок, заради кој неколку деца во Велика Британија и Америка го изгубија животот.

Симптоми на синдромот Кавасаки: Висока температура, конјуктивитис, повраќање, пролив, осип по кожата, црвени очи, но без гноење, оток на лимфниот јазол на вратот, испукан јазик, промени на слузницата на устата

Се верува дека Кавасаки обично е предизвикан од бројни вируси, па зошто да не и во случајот со короната?

Овие случаи во светот имаа доказ за инфекција од Ковид, или со директен доказ за изолати со ПЦР, или од антитела. Останува нејасно дали станува збор за случајност или причинско-последична врска помеѓу Ковид инфекција Кавасаки. Иако постојат индикации дека се поврзани, не може да се тврди со сигурност затоа што се уште има премал број на случаи. Имено, широка лепеза на вируси можат да го предизвикаат синдромот Кавасаки, но се уште нема цврсти докази дали тоа го први и короната.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button