Вирусот стекал способност да се адаптира на луѓето: Настанал многу пред да се појави на пазарот во Вухан

Кина веќе со месеци е во центарот на пандемијата од коронавирус за кој се верува дека потекнува токму од оваа земја, и тоа од пазарот во Вухан.

Меѓутоа, тамошните официјални лица сега веруваат дека заразата не настанала на пазарот на кој се продавало месо на многу диви животни.

– Прво мислевме дека на пазарот настанал вирусот, но сега сме уверени дека и пазарот е жртва, рече Гао Фу, директор на Центарот за контрола и превенција на болести.

Да потестиме, штом се појавија официјалните наводи за новата болест, пазарот е затворен и означен со ленти како место на злосторство. И натаму постојат голем број теории од кое животно коронавирусот можел да се прошири на луѓето.

Сега Гао објаснува дека вирусите не се забележани во примероци од животни туку дека единствено се пронајдени во животната средина, вклучувајќи ја и канализацијата. Освен тоа, се додава дека вирусот сигурно постоел и многу порано.

Со студијата е утврдено дека само 27 од првите 41 потврдени случаи во Кина биле „изложени“ на пазарот во Вухан, поточно само 4 случаи во првите две недели од заразата во декември, кога е обелоденето дека се појавила нова болест.

Американските биолози сметаат дека вирусот на пазарот го внел некој кој бил заразен.

Засега нема причина да се сомнева во тврдењето на Гао Фу зошто тој не само што е водечки кинески епидемиолог туку и член на највисокото советодавно државно тело кога станува збор за борбата со коронавирусот.

Сепак, уште ќе мора да се направат бројни истражувања за да се утврди како и кога точно настанал новиот коронавирус.

– Овој вирус не се однесува како претходните коронавируси, нагласи Гао Фу.

Иако Кина, но и експерти од многу други земји, негираат дека вирусот настанал во лабораторија, Гао истакнува дека стекнал единствена способност да се адаптира на луѓе, во текот на трансмисијата меѓу луѓето, по преносот од животни.

За жал, наместо некои работи да ни бидат појасни, бројот на теориите за настанокот и лекувањето на коронавирусот само се зголемуваат со секое ново истражување, така што ќе поминат можеби многу години додека да добиеме контретни одгвоори.

(Visited 69 times, 1 visits today)