Вилма Русковска ги шоkираше сите со она што му го порача на Чомовски – „Боки 13 беше должен на сите страни, па каде стигнеа сите го тепаа“
Еве што му одговори Вилма Русковска на новинарот Чомовски
Новинарот на 1ТВ, Александар Чомовски беше гостин во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77 каде изјави дека не можел да знае дека големи суми влегле во телевизијата, бидејќи како што истакна Боки 13 -ка се облекувал и луксузирал исто и пред 10 години.
Но оваа изјави ја демантираше Јавната обвинителка за организиран криминал и корупција Вилма Русковска.
„Не е така, не е така, зашто беше должен на сите страни и каде стигнеше секаде го теепаа, не беше така и пред 10 години, сепак сме луѓе од градот и знаеме многу работи“, му одговори Вилма Русковска на Чомовски.
Инаку, во 2018 година вкупните приходи на 1ТВ изнесувале 39,232 милиони денари (околу 637 илјади евра), а приходите од рекламирање 33,944 милиони денари (околу 550 илјади евра), се вели во одговорот на прашањето што МКД.мк го постави до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за приходите на одделни телевизии.
Со оглед на продукцијата на 1ТВ, на бројноста на екипата, на искусниот уреднички дел од информативната програма, повеќе од очигледно е дека со тие 600 илјади евра едноставно не било можно да опстане една телевизија.
Ова, на некој начин индиректно ги потврдува сите шпекулации за кешот што Бојан Јовановски, директорот на 1ТВ, го добивал од одредени компании за време на неговите рекетарски маркетиншки состаноци.
А дали за тоа знаел и некој од вработените во медиумот со кој располагаше Бојан Јовановски и каде сѐ одел тој кеш, допрва ќе треба да се открива во случајот „Рекет“.