Вики и во петтата деценија носи минич за каков немаат храброст ни холивудските ѕвезди – почекајте да го видите и горниот дел
Ова никој не го очекуваше од неа
Оние што беа присутни велат дека Вики Миљковиќ приредила вистински cпeктакл кога стигнала пред студиото каде што се снима шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Вики Миљковиќ (46) пред студиото стигна во најкраткиот „минич“ што го носела досега и ги воодушеви сите.
Пејачката одвај успеа да излезе од автомобилот, а да не покаже премногу, и кога застана на нозете, блицевите почнале да блескаат од сите страни. Во прашање е издание во какво досега ја немаме видено Вики – покрај кусиот фустан, креацијата и во горниот дел беше поприлично провокативна.
Таа носеше фустан од кадифе кој го истакна секој детаљ од нејзиното тело, па ако земеме во предвид дека Вики веќе сериозно ја гази петтата деценија, а немаше никаков недостаток во едно вакво храбро издание, и изгледаше максимално самоуверено, сигурни сме дека многу помлади дами од неа и завидуваат на нејзиниот изглед. И посебно на нејзините нозе, кои и се заштитен знак и кои пејачката знае како да ги истакне во преден план.
Инаку, до финалната вечер во четиринаесеттиот серијал од „Ѕвездите на Гранд“ остана уште малку, па и жирито и натпреварувачите се под голем притисок. Но тоа очигледно не важи и за Вики, која од емисија во емисија изгледа се поубаво, а нејзините фанови се воодушевени.
Како таа изгледаше и во некои од претходните кругови од шоуто, погледнете во галеријата што следува.
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
.