Вики во ова кусо здолниште и го украде шоуто на Карлеуша – горат СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи, никој не се надеваше на ова!
Во изминатиов период често зборуваме за модните креации што Јелена Карлеуша ги носи во шоуто Ѕвездите на Гранд.
Но покрај Јелена мораме да признаеме дека и нејзината колешка Вики Миљковиќ знае како да го привлече вниманието.
Имено, популарната фолк-пејачка во последно време сé повеќе води сметка за својот изглед, па од неодамна ги користи услугите на личен стилист за да изгледа ИН.
И тоа очигледно успешно го прави, што можеме да заклучиме и од нејзините последни фотографии на Инстаграм.
Имено, познатата пејачка на својот профил на Инстаграм позираше во провокативно модно издание и ги воодушеви сите.
Вики на фотографијата носи кратко здолниште во пастелно зелена нијанса, со бела ролка и сако во светло сина боја.
Пејачката целото издание го заокружи со бела беретка и интересни сандали со широки високи потпетици.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Вики?
Погледнете уште неколку ОК модни изданија на познатата пејачка…
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ