Вести

(ВИДЕО) Беше најубава и најбогата жена на Балканот, наследи огромно богаство, а го изгуби како на шега

Advertisement

Вукица Вучуревиќ, која српските медиуми ја нарекуваат српската Шерон Стоун, дефинитивно е една од оние среќници кои ја имале честа да уживаат во материјалното богатство.

Како што пишува Блиц, во животот е како во онаа „што ќе посееш, тоа ќе жнееш“, а еве прочитајте ја оваа вистинска приказна за најбогатата Србинка и нејзиниот луксузен живот.

Advertisement

Фото: Фејсбук профил

За Вукица велат дека е една од најатрактивните Србинки која го привлекува целото внимание со својот изглед и животната приказна.

Таа е ќерка на починатиот фудбалер и бизнисмен Мирко Вучуревиќ, а вниманието на јавноста го привлече кога пред неколку години реши да ги пушти камерите на хрватската телевизија во нејзиниот дом.

Фото: Фејсбук профил

Тогаш, како што пишива Блиц, сите останаа шокирани од нејзиното раскошно богатство, а таа со задоволство зборуваше за себе и за својот живот и откри многу интересни детали.

Вукица раскажа колку ја сака својата раскошна и луксузна куќа на Дедиње и дека куќата ја претставува неа. Таа истакна дека начинот на кој таа изгледа, така изгледа и нејзината куќа.

Но, во меѓувреме нејзината вила се појави на огласи каде се изнајмува за 1.000 евра дневно. Дополнително, забележано е дека бројот на сопственикот и неговото име се различни од оние на Вукица, па се шпекулира дека истата вила била прокоцкана.

Фото: Фејсбук

Инаку, Вукица своевремено од татко ѝ ги наследи фудбалскиот клуб „Банат“ од Зрењанин и фабриката за часовници „Нивада“ од Швајцарија.

Како што пишува Блиц, таа во интервјуата тврдела дека убавината ја наследила од мајка и, а парите од татко и, а кога се мажите во прашање, рекла дека „вредат колку што имаат пари“.

Нејзиниот начин на живот секако подразбира само еден збор, а тоа е луксуз, за ​​тоа сведочи и нејзината изјава дека не оди на шопинг без 30.000 евра.

Фото: Фејсбук

– Кај мене толку чини само бунда. Никој не ме воспитал така, татко ми ми рече „види види, но нема да купиш“. Сепак, тој ми даде многу пари. Веќе на 15 години почнав да купувам брендирани работи. Татко ми никогаш не ме ограничуваше во ова. Најмногу купувам во Милано и Женева, понекогаш скокам во Париз – изјавила еднаш во една емисија додека покажувала скапа бунда од шиншила од својот плакар.

Во таа прилика таа откри како татко и и купил глисер за нејзиниот 18-ти роденден.

– Сето тоа го побарав, бидејќи бев ненаситна. И мојот прв автомобил го барав на 18 години и секогаш го возам најновиот модел на Мерцедес. Не можев да се откажам од ништо во животот, затоа што сакам да уживам во луксуз, вели српската Шерон Стоун.

Патувањето е дел од нејзиното секојдневие, слободното време го поминува во шопинг, а чест гостин е и на ревиите на светски познатите куќи како Диор и Гучи.

Она што особено не го сака е готвењето, а забележала и колку е среќна што никогаш не морала да го прави тоа.

– И во Србија и во Швајцарија имам жени кои ми работат дома. Можеби некој би зготвил нешто од љубов, но јас не. Ги исмевав тие што готват. Купувам здолништа, фустани и одам на одмор. Никогаш не сум сакала да готвам. Некои жени се принудени и јас го разбирам тоа, но јас не – заклучи Вукица.

Пред неколку години почина нејзиниот татко Мирко, а неколку месеци пред тоа ја загуби и мајка си. Вукица нема свој наследник, но во едно интервју истакнала дека е самодоволна.

Да потсетиме, нејзиниот татко бил многу богат човек и во банатскиот двор, каде што е роден, изградил црква, училиште, патишта…

– Ми кажаа дека не се чувствувал добро претходниот ден, дека повикале брза помош која никогаш не дошла. Не сакаше да ми се јави. Беше опкружен со лоши луѓе, напиша еднаш Вукица на својот Фејсбук профил по повод смртта на нејзиниот татко.

Погледнете како изгледа луксузната вила на оваа српска богаташица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button