Една мајка сама го одгледа своето дете Димитри таа не се омажи, сè му даде на синот, му купи стан, му го исплати факултетот.
Тој стана одлично момче, успешен човек. Сега има 50 години. Никогаш не се ожени и нема деца. Цел живот се труди да ѝ го врати долгот на мајка му кој не ѝ го бараше. Не успеа.Мајката на Марија се откажа од личниот живот поради детето. По разводот со никого не се гледаше, се плашеше да не ја истрауматизира ќерката. Марија порасна и не може да ја остави мајка ѝ. Не може со никого да се гледа, ниту да ја остави мајка си и да се посвети на својот личен живот. Сега има 40 години, не е омажена и нема деца.
Дејан и Ана беа најпрекрасните родители. Правеа сè за децата, и она што е возможно и па дури и она невозможното. Семејството секогаш било сложно, за празници, одмори… Само што во тоа родителство се изгубил односот маж-жена. Повеќе ништо не ги поврзуваше. Проживеале заедно 30 години, како татко и мајка на две деца. Кога децата си заминаа по својот пат, тие се разведоа.
Детето може да ја плаќа таа сметка цел живот. Ретко кој може да разбере и прифати на разумен начин без притоа да ги жртвува својот живот, своите интереси. Затоа, ве преколнувам, не живејте за децата. Најдете друга смисла на вашиот живот, најдете друга смисла на родителството. Сакајте како самите себе што се сакате.
Извор: kronervijesti