Веќе 15 години го има клучот на неговото срце – оваа ВОНСЕРИСКА УБАВИЦА му е сопруга на Јоце Панов
Македонскиот пејач долги години е вљубен само во неа, а таа е вистинска убавица.
Во 2018 година пејачот Јоце Панов одлучи да стави крај на ергенскиот живот и заплови во брачните води со неговата сакана Марина.
Пред да стапат во брак, Јоце и Марина беа 10 години во врска.
ФОТО: Фејсбук / Јоце Панов
„Доста е со ергенскиот живот и мене ми дојде време да се врзам, и тоа со онаа која ја засакав уште пред 10 години, за љубовта на мојот живот, за мојата Марина,“ изјави тогаш Јоце.
За нивната свадба Марина облече прекрасна венчаница со бисери, во која изгледаше како принцеза.
ФОТО: Фејсбук / Јоце Панов
Јоце пак се одлучи за класично црно одело.
Марина не сака многу да се експонира во јавност, па ретко споделуваат свои заеднички фотографии.
ФОТО: Фејсбук / Јоце Панов
Таа му е најголема поддршка на Јоце, а плод на нивната љубов е нивниот син Лука.
Секој слободен момент се трудат да го поминат заедно и да уживаат со синот.
ФОТО: Фејсбук / Јоце Панов
По повод празникот Свети Лука, Јоце се огласи на Фејсбук и му го честиташе именденот на својот син.
„Вечно име синко. Жив и здрав“, напиша тој.
Повеќе фотографии погледнете во продолжение.