Веќе имате симптоми и се сомневате дека е корона: Не избрзувајте, можеби е друг, не толку опасен вирус од оваа листа
Еден од првите симптоми на коронавирус кој е детектиран на почетокот на епидемијата, уште во Вухан во декември, беше зголемената температура. Во меѓувреме листата на симптоми се прошири, па значеше дека некој е заболен од вирусот САРС-КоВ-2 ако имаат и кашлица, диареја, малаксаност на телото….
Во најголем број на случаи (иако се утврди дека секогаш постојат исклучоци), во зависност од тежината на симптомите, зависи и клиничката слика. Она што нашите експерти го истакнуваат, е дека е важно да се реагира на појавата на првите симптоми и да се обратат на лекар, зошто колку пациентот подолго чека, потешко ќе се одвива лекувањето.
Температурата, е еден од најчестите симптоми, но сепак не мора да значи дека е инфекција со коронавирус.
Постојат вирусни инфекции кои исто така како симптом ја имаат покачената телесна температура, а еве за кои предизвикува се работи
Аденовируси
Аденовируси најчести предизвикуваат благи респираторни инфекции или грипозен синдром, и често овие инфекции поминуваат без симптоми. Можат да се пренесат преку капки, со допирање на површини кои не се чисти, па дури и со внесување на храна која ја подготвил некој заразен. Забележани се дури и ретки случаи на зараза преку вода, како што е пливање во базен.
Болеста најчесто се манифестира со кивање, кашлање, зголемена температура и малаксаност, а кај децата може да се забележат симптоми на отежнато дишење, отекување околу очите и дехидратација.
Ентеровирус
Постојат повеќе од 70 видови ентеровируси, кои „напаѓаат“ милиони луѓе ширум светот. Се пренесуваат од фекална материја, односно измет, па хигиената е најважна за превенција.
Симптоми се температура, кашлање, кивање, течење од носот, но и осип по телото или слузокожата, болки во зглобовите и мускулите.
Пареховирус
Пареховирусот обично кај бебиња предизвикува респираторни и гастроинтестинални проблеми од среден интензитет. Симптоми се температура, осип, пролив и раздразливост.
Кај некои мали деца, меѓутоа, вирусот може да доведе до сериозни компликации, како што се хепатитис (жолтица) или енцефалитис (воспление на мозочната кора) и може да биде фатален.
Ротавирус
Ротавирус или стомачен грип можеби не изгледа како сериозна болест, но може да биде многу опасен за децата. Најчесто се јавува кај деца на возраст од една година, а можен е и кај постари деца, кај бебиња кои не се доени од мајката. Делува на површинските клетки на цревата, односно цревната слузокожа и целосно го оневозможува варењето.
Се пренесува со контакт со болно дете, најчесто со валкани раце или нестерилизирани шишенца или цуцли. Најчести симптоми на ротавирусот се повраќање и пролив, висока температура (до 40).
А ова се симптомите на коронавирусот…
Најчести симптоми
– покачена температура
– треска
– сува кашлица
– замор
Поретки симптоми:
– болки
– суво грло
– диареја
– коњктивитис
– главоболка
– загуба на сетилот на мирис и вкус
– осип и промена во бојата на кожата на прстите
Сериозни симптоми
– отежнато дишење и губењето здив
– болки и притисок во градите
– губењето на говорот или неподвижност