Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ на 24 ноември ќе застанат на лудиот камен. Свадбата е закажана во еден луксузен хотел во Белград, а парот веќе ги избра и кумовите.
Вељко и Богдана имаат големо друштво, а за кумови ги избраа своите најдобри пријатели со кои се познаваат од детството.
На Богдана кума ќе и биде пријателка со која е речиси цел живот, додека Вељко избра да се ороди со другар од Кипар.
Голема желба на неговата невеста беше да ја носи истата венчаница што ја носеше и неговата мајка.
Во истиот невестински фустан пред олтарот застана и сестрата на Цеца, Лидија Оцокољиќ, која се омажи пред 15 години.
Невестата која е во блажена состојба планира по главната церемонија да се пресоблече во уште еден невестински фустан.
Вељко деновиве објави и неколку фотографии на кои се гледа како тие двајцата уживаат во својата љубов во креветот.
И додека заљубените гулаби се на седмото небо и нестрпливо ја очекуваат свадбата, мајката на Вељко објавува фотографии од Кипар, каде што замина деновиве.
Имено, познатата пејачка реши да си ги наполни батериите очигледно непосредно пред периодот што следува кој ќе биде поприлично бурен и за неа.
Таа ќе го жени својот син, па повеќе од сигурни сме дека ќе даде сé од себе свадбата да биде нешто за кое уште долго време ќе се зборува.