Реклама
Вирално

Вести кои нема да ви се допаднат – во оваа земја во која живеат и многу Македонци започнаат со чипирање. Еве кои се следни на ред!

Реклама

Објавено е и видео на кое се гледа како изгледа чипирањето

Проектот за инсталирање на поткожни чипови за прв пат успешно го спроведе оваа компанија во Шведска. Дури три илјади луѓе во оваа земја решија да го инсталираат, а локалните власти им дадоа поддршка со воведување можност за плаќање на билетите за воз со чип.

Маркетинг

Сега од компанијата „Биохакс“ се надеваат на голем напредок на пазарот во земјите на Европската унија.

По Шведска втора станица за деловно проширување на бизнисот на оваа компанија е Италија. Ерик Ларсен, Швеѓанецот кој е на чело на тамошната филијала, е во низок старт. Се чека само одобрување од италијанското Министерство за здравство. Кога ќе го добијат, очекува околу 2.500 луѓе да пристапат до инсталацијата во Милано и Рим.

Маркетинг

Зошто некој би сакал да носи мал чип под неговата кожа?

„Во прашање е иднина која што веќе пристигна. Оваа технологија е создадена за да ни помогне. Тоа е како да имате мали суперсили “, објаснува Ларсен.

Што е со заштитата на приватноста и опасностите од надзор?

Повеќето луѓе не сфаќаат дека нашите чипови немаат GPS и дека не ги следиме клиентите. Но, јасно ми е дека луѓето се плашат затоа што за слична технологија имаат впечаток само од холивудските филмови – вели Ларсен.

Како изгледа кога ќе имате вграден чип, го објаснува шведскиот ИТ експерт Мартин Левин, кој носи два чипа во раката веќе три години.

Ги користи за да се најави на неговиот компјутер, да управува со канцеларискиот аларм и да го отвори неговиот профил на Линкедлн. Ова задоволство го чинеше само 150 евра.

„Што се однесува до мене, јас лично, не гледам ништо лошо во тоа. Тоа е пасивна технологија, контролирана од сопственикот. Треба да бидете многу блиску за да можат да се шрочитаат податоците. Ни вградувањето не е многу болно, како да ве боцнала пчела – вели Левин.

Роб ван Ејк од Европскиот форум за иднината на приватноста ги објаснува опасностите од новата технологија.

„Практично е иста технологија како кај банкарските картички, а и ризиците се исти. Постои можност некој да го собере сигналот. Уште поголема компликација е ако идните верзии ги следат вашите здравствени податоци или содржат други приватни информации“ – вели Ван Ајке.

Сепак, компанијата потенцира дека не треба да постои страв од чипирање. Се очекува голема пресвртница и масовна употреба на чипови со развојот на технологија со која чипот ќе функционира како паричник.

„Се надевам дека плаќањето ќе стане главна функција. Очекувам иднина во која чипот ќе стане еден вид мобилен идентитет“ – вели Левин.

Во Италија веќе се водат преговори во таа насока со Водафон и Пејпал, а и британската компанија „БиоТек“ развива технологија за бесконтактно плаќање со чипови и се надева дека наскоро ќе имаат резултати. Досега околу 250 Британци го инсталираа чипот на оваа компанија.

Не подготвуваат за чипирање?

Но не се среќни сите во врска со информациите поврзасни со вградување на чипови во луѓето. Поранешниот руски тенисер Марат Сафин излезе со својата теорија за пандемијата на новиот коронавирус.

Имено, поранешниот светски рекет број еден смета дека се прават подготовки за вклучување на микрочипови во човечки тела. За оваа тема Сафин зборуваше на социјалната мрежа Инстаграм додека даваше интервју за рускиот Спорт.ру.

„Бил Гејтс изјави уште во 2015 година дека нè чекаат пандемија и дека непријателот ќе биде вирус, а не нуклеарна војна. Тие тестирале како ќе изгледа пандемијата и извршиле симулација на семинар во Давос. Не верувам дека Бил Гејтс е видовит, тој знаеше што ќе се случи “, вели тенисерот.

„Ситуацијата со вирусот не е онаква каква што ја претставуваат, но луѓето веруваат во хорор приказните што ги гледаат на телевизија. Луѓето мислат дека нашата цивилизација ќе заврши, но јас не верувам во тоа. Само наскоро ќе нè чипираат”, додаде тој.

Тој, исто така, даде и дополнително објаснување. „Тие го заклучија целиот свет во домови и повторно сè работи за нив. Постојат луѓе кои се помоќни од светските лидери, кои контролираат пари, го контролираат светот и можат да направат што сакаат. Тоа е влада во сенка, наречете го како сакате. Ние дури и не знаеме тоа тие постојат. Ротшилдс и Рокфелерови се познати, но зад нив стојат некои кои се уште помоќни “, заврши Сафин.

Граѓаните против Гејтс?

Во САД пред неколку недели е покрената петиција за отворање истрага против основачот и првиот човек на компанијата Мајкрософт, Бил Гејтс, за „злосторства против човештвото и злоупотреба на медицината“.

Како што пренесува „Спутник“, петицијата која е објавена на веб-страницата на Белата куќа и е потпишана како „Ние луѓето“, досега ја потпишале 425.000 лица, што е четирипати повеќе од потребниот број за да се добие официјалени одговор од страна на Белата куќа.

Од федералната американска влада се апелира да побараат од Конгресот да спроведе сеопфатна и јавна истрага.

И додека ги набљудуваме настаните околу пандемијата „Ковид-19“, многу прашања остануваат неодговорени. На 18 октомври 2019 година, само неколку недели пред прогласувањето на првата жртва во Вухан, во Кина, се случија два големи настани. Едниот е „Настан 201“, а другиот е „Светски воени игри“. И двата настана се одржаа во Вухан “, се наведува во петицијата.

Во петицијата против фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ потоа се вели дека „оттогаш има притисок во целиот свет да се направи вакцина и да се воведе биометриско следење на луѓето“. Потписниците на петицијата велат дека Бил Гејтс и неговите пари стојат зад овие настани.

Петицијата од страна на граѓаните на Америка е покрената на 10 април, а за само неколку дена ја потпишале 100.000 луѓе, што значи дека Белата куќа би требало со ова да се позанимава во рок од 60 дена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button