Наши ѕвезди

Весна Бејби со човекот за кој сите зборуваат: „Со убавиот лик на ова невреме, се изначекав цел живот“

Advertisement

Македонската актерка Весна Петрушевска во јавноста е позната како Весна Бејби.

Својата актерска кариера ја започнала кога имакла само 14 години, а веќе на 16 години го имала своето прво ток-шоу на МРТВ кое се викало „Пулсирање“.

Advertisement

Огромна популарност стекна со нејзината емисија „Вртелешка“, а денес после долги години успешна кариера, своето знаење го споделува со најмладите во својата актерска школа „Бејби шоу“.

Кај неа во школата членуваат исклучително талентирани деца, кои веќе имавме можност да видиме и како глумат во емисијата за деца „Дајте музика“. Сигурни сме дека тие деца ќе се развијат во исклучително добри актери, затоа што уште од сега покажуваат неверојатен талент.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Пандемијата коронавирус го тресе светот, а во Македонија се уште на сила има некои рестриктивни мерки за заштита на населението.

Но, на огромна радост на сите нас, конечно започна масовната вакцинација. Речиси во сите градови ширум земјава има вакцинални пунктови и луѓето имаат можност да примат вакцина против Ковид 19. Но, се уште немаме можност да одибраме со која вакцина ќе се вакцинираме, туку можеме да ја примиме само онаа вакцина што е на ред.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Весна Бејби се пофали дека се вакцинирала во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Инстаграм

Таа на Инстаграм сподели фотографии со медицинскиот техничар Денис Јакуловски, во јавноста познат под прекрарот Космонаутко. Прекарот Денко Космонаутко го доби поради скафандерот кој го носи, а приказната за човек од друга планета ја измисли за да не ги плаши децата а не ретко и возрасните кај кои оди да земе брис. Јавноста веќе го прогласи за најпозитивен лик, омилен е на социјалните мрежи а тој веќе испратил 800 честитки во знак на благодарност.

„Со убавиот лик на ова невреме Денис“, напиша Весна во описот на фотографијата.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Инстаграм

Таа го сподели своето искуство со фановите.

„Стигнавме на ред за вакцини и снема вакцини. Инаку е супер организирано и треба да ме боцнат со „Фајзер“, ама к`смет, таман ќе стигнеш на ред нешто нема… Се изначекав цел живот за сè“, во нејзин стил се пошегува Весна.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Инстаграм

Весна е многу активна на социјалните мрежи кои ги користи за промоција на својата работа, но и често споделува фотографии од приваноста.

Она што јавноста може да го види и на социјалните мрежи е тоа дека актерката е навистина посветена и грижлива мајка. Со огромна љубов во очите зборува за своите две деца Кирил и Мина.

Кирил и Мина ги посвои додека беше во брак со поранешниот сопруг Јанко Тренкоски.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Мина тргна по нејзините стапки глумеше во тинејџерската серија „Гласна куќа“, а има у во детскатата театарска претстава „Нашата љубов“.

Кирил пак, се одлучи да замине од Македонија. Тој сега живее во Хјустон кај неговиот татко, каде го продолжи своето образование.

Таа мора да се признае одлично се носи со целата ситуација. На својот Фејсбук профил сподели и фотографии од роденденот на Кирил, кој славеше во Америка.

„Кирил наполни 18 години, се обидувам да се насмеам и навистина сум среќна за него , знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон.Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска…демек сум кул и ок…тој стана полнолетен дечко….се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола 2 броја помали па имаше некое раниче на малото прсте.Отидовме да купиме нови чевли во Пеко (природно Битола) и продавачката ме прашува:Ваш е ? Ја гледам насмеано и и одговарам:Највеќе е мој, златен на мајка ми фали ама знам дека ќе успее. Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“, напиша таа на Фејсбујк.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Актерката себеси се опишува како рок енд рол мајка, која се труди колку е можно повеќе да влијае децата да пораснат во добри луѓе.

„Јас сакам да кажам за себе деа сум рок енд рол мајка. Кога своето дете го испратив кај татко му во Америка да учи, тоа зборува за мојата несебичност. Ние родителите сме лакот, а децата се стрелата. Колку повеќе ќе го оптегнеш лакот, толку повеќе ќе може подалеку да отиде стрелата. Ја сум многу горда на себе што тоа го направив за Кирил.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Сум строга, сум етична, многу отворено разговарам со моите деца за сите теми. Но, еве со Минче, се смееме, ја гледам како ми одвраќа и смешно ми е. Мина има обичај да ми кажа „леле мамо стварно гњавиш“. Кога ќе помине и ќе и речам „стави мобилните протези“ и тогаш ќе се сврти и ќе ми рече „добро ти немаш друга работа освен да ми повторуваш“ и во право е детето. Се обидувам да влијаам колку што е можно повеќе.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Едвај чекам да помине оваа пандемска итуација и да се вратат децата на училиште оти мислам дека ги осакатија генерации, генерации со онлајн настава. И кога ги земавме децата со мојот бивши сопруг јас едно реков, а тоа е дека кога чуваш деца е многу важно тие да станат чесни и добри луѓе. Тоа е најтешката задача во било која смисла на зборот. И навистина е тешка мисија, но е љубов“, истакна актерката во емисијата „Магазин“.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Популарноста има и лоши страни, а една од нив е и тоа што луѓето постојано се заинтересирани за приватниот живот на познатите личности, а најмногу за тоа дали се во врска или не.

Весна секогаш е искрена и отворена и со публиката споделува кога е заљубена.

И овој пат таа откри кога мисли да си фати момче.

„Па, кога ќе излезам од дома, прво, второ морам да најдам дечко одлучив да си најдам доктор, ете висок притисок ме фати, некој да ме спаси, да ми помогне, оти уметник ќе мисли дека ништо не ми е, ќе ми помине, затоа доктор, макар бил и ветеринар, ќе знае да се снајде“, се пошегува актерката.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук
ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button