Реклама
Вирално

Весна Бејби распали на социјалните мрежи и побара оставка од НАЈОДГОВОРНИТЕ за оваа страшна несреќа (фото)

Реклама

Македонија е завиена во црно по стpaшната трагедија што се случи вчера во Тетово.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Синоќа голем пожар избувна во модуларната ковид-болница во Тетово каде имаше зaгинати, но и повpeдени.

Експлозија предизвикала голем пожар во која зaгинаа најмалку 14 лица, а 12 се на лекување.

Маркетинг

Овој стpaшен настан предизвика големи реакции низ целата земја, а веста ја пренесоа и светските медиуми.

Маркетинг

Голем број на граѓани, но и јавни личности постираа статуси за тетовци и упатија молитви кон семејствата на зaгинатите, но имаше и такви кои беа згpoзени од целата случка па „pacпалија“ на социјалните мрежи.

Една о нив беше и познатата водителка Весна Петрушевска-Бејби која побара одговорност и оставка.

Фото: Фејсбук/ Весна Петрушевска- Бејби

Фото: Инстаграм/ Весна Петрушевска- Бејби

– Одговорност и оставка!!! Еднаш само бидете доблесни, нема разбирачка за ова, да одиш да се лечиш и жив да изгориш. Јас сум згрозена од оваа неодговорност. Лицемерни и жедни за власт … до кога? Ни се распаѓа цел систем!, напиша Петрушевска на Инстаграм.

Фото: Фејсбук/ Арбен Таравари

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари преку социјалните мрежи повика Владата да си поднесе оставка по вчерашниот пожар во модуларната болница во Тетово.

– Оставка од Владата, кратко напиша Таравари на Фејсбук.

Фото: Принтскрин/ Твитер
Фото: Принтскрин/ Твитер

Сепак засега сè уште не се знае причината за нecреќата, но од министерството за здравство велат дека сите 19 модуларни ковид болници во државата, се типски објекти, градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди.

Оттаму велат дека направени се и уреден технички прием.

Илустрација (фото: Фејсбук/ Венко Филипче)

– Ковид центарот во Тетово е проектиран со три влеза, ходниците се широки 2,4 метри а парапетите на прозорите се ниски во случај на евакуација. Во објектот не е користено дрво и запазени се сите други потребни елементи за заштита. При пуштање во употреба, направен е уреден технички прием. При градбата има уредно документирани записници за незначителни технички забелешки – силиконирање лајсни на подот, нивелирање на сифон во тоалет, продолжување на дел од олуците сл. По овие барања, е постапено и истите се санирани пред пуштање во употреба и хоспитализација на пациенти. Овие документи ќе бидат доставени на увид на јавноста и медиумите уште денеска. Ковид центарот во Тетово ги поседува и сите потребни сертификати за заштита при несреќи, велат од Здравство.

Фото: Фејсбук/ принтскрин
Фото: Фејсбук/ принтскрин

Во Тетово веќе е прогласена тридневна жалост,но и во целата знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а сочувство изразија од српската и косовската влада.

Фото: Твитер/ Александар Вучиќ
Фото: Влада/ принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button