Верниците утре слават ГОЛЕМ СВЕТЕЦ: Се верува дека ако направите една работа, ќе ве заштити од сериозни болести

Македонската православна црква денес го одбележува споменот на Светиот маченик Калистрат.
Овој Калистрат беше од старата Картагина, што се наоѓала на африканскиот брег во денешен Тунис.
Војникот Калистрат, родум од Картагина, имал предок Неокор, кој за време на распнувањето на Исус и неговото воскресение бил во Ерусалим и како сведок на тие настани и самиот станал Христијанин.

Кога се вратил во родниот град Картагина, Неокор сите членови на своето семејство ги направил Христијани. Така, и неговиот потомок Калистар бил одгледан во христијанскиот дух.
Ја имал таа несреќа да биде војник во Византија во време на владеењето на царот Диоклецијан, кога е направен најмасовниот прогон на Христијани поради нивно целосно протерување. Еднаш додека тајно се молел, колеги офицери кои го забележале веднаш го пријавиле кај командантот.

Фото пекселс
Кога неговиот наредник Перстенин открил дека е Христијанин, издал наредба да го претепаат, а потоа да го фрлат во море.
Војниците од неговиот вод крвнички го тепале, а потоа со чамец го одвеле во Средоземното море, каде го фрлиле.
Се зборува дека Калистар, утредента се вратил жив и здрав, одејќи по вода.

Фото пекселс
На општо изненадување на сите, Калистрат не се удавил, што било причина 49 војнци да почнат да веруваат во моќта на христијанскиот Бог.
Бесен, командантот ги фрлил сите во темница и го продолжил мачењето. Откако ниту еден војник не сакал да се откаже од својата вера, на крај сите биле убиени.
Легендата вели дека во тој момент тој регион го погодил голем земјотрес, кој довел до масовно напуштање на паганизмот и примање на христијанската вера.

Фото пекселс
Свети Калистрат бил фатен и настрадал во 304. година во Византија заедно со споменатитее 49 војници.
Во христијанските цркви на сите им се оддава почит како маченици настрадани поради вербата во Исус.
Свети Калистрат е земен како слава во многу малку семејства, а оние кои сепак го имаат како куќна слава се смета дека тоа го направиле како благодарност за избавување од несреќа или тешка болест, бидејќи бројни верници сведочат за чудата кои им се случувале по молитвата која ќе му ја упатиле на овој светец.

Фото пекселс
Затоа утре Христијаните треба да отидат во црква и да му се помолат на свети Калистрат за здравје и долг живот.
На овој ден избегнувајте кавги и конфликти, бидете мирољубиви и благодарни на она што го имате.




