Вера беше првата Мисица на Македонија и СОН ЗА СЕКОЈ МАЖ – погледнете што прави и како изгледа денес
Таа е дефинитивно доказ дека убавината и интелигенцијата сепак одат заедно.
Некогашната мисица Вера Мештеровиќ е поим за ветка убавина, отменост, грациозност и харизма.
Во далечната 1996 година, на свои 17 години таа беше првата мисица која ја претставуваше Република Македонија на официјалниот светски избор на убавина – Мис на светот кој таа година се одржуваше во Бангалор, Индија.
Оттогаш досега поминаа 25 години, но Вера воопшто се нема променето. Што се однесува до физичкиот изглед таа сѐ уште може да се пофли со витка линија како во тинејџерските денови.
Времето како да запрело за неа. Дури може да се каже дека изгледа подобро од било кога.
Годините за неа се само број во лични документи. Иако многу работи е променија во нејзиниот живот, таа сепак е жената со најубава насмевка во земјава.
Инаку, што се однесува до приватниот живот, Вера беше една деценија во брак со фудбалерот на повеќе клубови во земјава и странство, меѓу кои и скопски Металург и сплитски Хајдук, Игор Кралевски.
Пред да се омажи за познатиот фудбалер таа важеше за една од најпосакуваните жени во земјава. Откако заплови во брачните води, својата кариера ја стави на пауза и целосно му се посвети на семејството.
Од бракот двојката ги има синот Андреј и ќерката Јована, додека фудбалерот од првиот брак во Хрватска зад себе го има и синот Теодор, кој живее со мајка му во Сплит.
Засега тие повеќе го сакаат спортот, па така Андреј тренира фудбал, додека Јована тренира одбојка, иако никогаш не се знае.
Но, големата љубов за која сите портали пишуваа згасна. Пaрот одлучи да се раздели.
Како што пишуваат македонските портали, веста за разводот ја потврдила и самата Мештеровиќ, но не сакала да ги коментира причините, потенцирајќи дека нема намера да прави сензација за народ и спектакл за медиуми на сметка на својот приватен живот.
За разлика од неа, Игор за медиумите кусо изјавил: „Сфативме дека подобро ќе биде да се разделиме пријателски. Животот продолжува понатаму“ – пренесуваа тогаш некои од македонските портали.
Мисица, балерина и играорка, убавата Вера има многу професии во кои одлично се снаоѓа.
Откако се разведе, Мештеровиќ почна интензивно да работи, снима реклами, модни кампањи, почна да се појавува на јавни настани, а глумеше и во видео спотови на популарни македонски пејачи.
Најсвеж е видео записот на пејачот Владо Јанески за песната „Откако си негова“.
Еден период порталите пишуваат дека Вера и Владо се во љубовна врска.
Таквите написи никогаш не беа јавно потврдени од Владо и Вера, но и понатаму се споделуваа нивни заеднички фотографии и шпекулациите останаа.
Но, Вера сега има нова професија во која допрва треба да се докжува.
Македонската убавица преминува во водителските води. Имено таа на социјалните мрежи сподели дека започнува со нов ангажман – водителка на Утринската програма на Канал 5 телевизија.
Таа во статусот што го напиша им се заблагодари на поддршката на своите нови колешки.
„Здраво Македонијо, утринска програма на Канал 5 телевизија од денеска на мое големо задоволство се дружам со Вас драги гледачи покрај малите екрани заедно со моите колешки: Јелена Спенџарска и Бубе Јаневска на кои им благодарам за топлото добредојде и на целиот колектив позади камерите.
Ве поканувам на заедничко утринско дружење каде ќе споделуваме многу корисни совети, рецепти, информации и секако актуелни теми за кој ќе можете да се јавувате во живо и да го кажете Вашето мислење. Ви посакувам убав ден,секое добро, се гледаме на Канал 5 ТВ во 6:50 часот“, напиша Мештеровиќ.
Дали одлично ќе ѝ тргне водителството и дали ќе успее да ги засени колешките останува да видиме, но она што е сигурно е тоа дека за гледачите е вистинско уживање да го започнат утрото со ваква убавица.
Вера иако ја гази петтата деценија од животот, никој не би го рекол тоа за неа. Водителката може да се пофали со тело на кое може да ѝ позавидат и помладите девојки.
Таа уште еднаш го докажа тоа со заводливите фотографии кои ги објави н социјалните мрежи.
Атрактивната мисица, горда на своето тело одлучи да се расоблече во бикини и да ја „скокотне“ фантазијата на публиката пред летната сезона.
Вера застана пред огледало и направи провокативна селфи фотографија со која ги израдува своите следбеници.
Погледнете и уживајте во фотографиите на оваа убавица: