Венчаницата на нашата пејачка ги воодушеви сите, но погледнете го овој детаљ, ќе се изненадите!
Сите гледаа во неа...
Раскошната свадба се уште е главна тема во медиумите
Нашата позната поп-пејачка Антониа Гиговска и нејзиниот избраник Роберт Спасенцовски Џокер направија свадба речиси година дена откако официјално го склучија бракот кај матичарот.
Тие официјално се во брак од април 2023, а шармантната пејачка тогаш блескаше во третиот месец во бременоста и носеше тесен фустан од чипка со долги ракави и беше со труднички стомак.
Овој викенд пак, тие направија црковна венчавка и раскошна свадба која беше посебна од повеќе причини – од венчаниците што младата пејачка ги носеше и во кои блескаше, па се до тоа како беше уреден самиот простор и кои се познати ликови се појавија.
Инстаграм
Имено, невестата за време на свадбата промени две венчаници, од кое едната беше долга и со класичен дизајн, додека втората со кусо здолниште и пејачката ја носеше дури и со патики.
Инстаграм
Како место за својот најважен момент во животот, пејачката и музичарот избраа еден познат скопски ресторан.
Инстаграм
Посебен момент беше кога младоженецот ја крена во рацете саканата која во романтичната венчаница изгледаше како принцеза.
Инстаграм
Тие и двајцата цела вечер не ги тргаа насмевките од лицата, а тука беше и нивниот син кој исто така ги воодушеви сите.
Инстаграм
Класичната венчаница што Гиговска ја носеше беше дизајн на Ателје Коцарева, како и покусата варијанта што ја облече подоцна.
Инстаграм
Таа имаше и гламурозна шминка заради која блескаше и која заедно со фризурата ја претворија пејачката во вистинска принцеза.
Инстаграм
Гиговска потоа се пресоблече и во втората, покуса венчаница, која во еден момент ја носеше дури и со патики.
Инстаграм
Повеќе детали од свадбата на Гиговска за која се уште сите зборуваат погледнете во продолжение…