Реклама
Наши ѕвезди

Вело и Евгенија никогаш не биле посреќни – блиските им честитаат, оваа вест ги израдува и нивините фанови

Ова беше посебен ден за семејството

Реклама

Приредија забава за паметење

Евгенија Марковска неодамна заедно со сопругот проф. д-р. Вело Марковски го прославија седмиот роденден на нивниот син Павле.

Поранешната манекенка и познатиот професор на својот наследник му го прославија роденденот во игротека каде тој си играше заедно со неговите пријателчиња, додека возрасните уживаа во дружбата.

Маркетинг

Евгенија на Инстаграм покажа и како изгледа тортата, а потоа објави и една фотографија на која е и со ќерката.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска

Потсетуваме, Евгенија од бракот со проф. др. Марковски го имаат синот Павле и тригодишната ќеркичка Катарина.

Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска

Тие и покрај големата разлика во годините уживаат во складен и среќен брак, што зборуваат и нивните заеднички фотографии.

Неодамна со професорот Марковски поразговаравме токму на оваа тема, но и за тоа каков е тој како родител, нето што досега многу пати сме го зборувале и со неговата понежна страна, Евгенија.

Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска

И како што и таа многу пати ни има откриено дека Вело е посветен и грижлив татко, сега и тој самиот тоа ни го потврди (повеќе за ова прочитајте тука), откривајќи дека токму нивните наследници се центарот на нивниот свет и дека му е најубаво кога е со нив.

Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска

Што се однесува до тоа како е да се биде родител во 21 век кои се сите предизвици со кои се соочуваат родителите денес, Вело одговори:

„Многу е тешко од аспект на многу опасности кои демнат и кои ги немало во минатото барем не во толкав број. Како да ги заштитиш децата од прекумерно користење на електронски уреди, како да го спречиш штетното влијание. Како да се бориш како родител против наметнати претешки и несоодветни наставни програми“.

Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска

„Децата се отепуваат со учење, а ни остануваат неспремни и без основни знаења кои ќе им требаат во животот. Како да ги заштитиш од фармацевтски компании кои под изговор за заштита и борба против болести, наметнуваат несоодветни вак*инални календари? Како да го заштитиш детето кое ти значи сé од „глупави“ препораки кои не се научно оправдани“.

Целото интервју со проф. др. Вело Марковски прочитајте го тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button