ВЕЛАТ ДЕКА СУМ ИМПЕРАТОР: Новата идеја на, тинејџерот-убиец, КОСТА ги надмина очекувањата…СИТЕ ВО ШОК!
- Книгата што ќе ја напишам ќе опише се’ што се случило во мојот живот, рекло момчето
Момчето Коста Кецмановиќ, кој уби девет ученици и чувар во своето осново училиште во Белград сакал да пишува книга за својот живот и да заработи пари.
„Книгата што ќе ја напишам ќе опише се’ што се случило во мојот живот! Велат дека сум цар, а оваа книга ќе ги заинтригира сите тие луѓе, а јас ќе заработам милиони затоа што ме сакаат! Зошто да не знаете сè? Ќе ја напишам толку добро што на сите ќе им биде интересно“, повторувал тој .
Момчето се однесувало како масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ воопшто да не се случил! Извор од клиниката во која е сместен открива дека детето-убиец пројавило интерес за пишување откако мајка му му подарила книга со која го поминува времето под посебен надзор на полицајците внатре во собата и оние пред здравствената установа, пренесува српска „Република“.
Кецмановиќ веќе неколку дена е опседнат со тоа како да ја напише својата автобиографија, стои во објавата.
„Постојано зборува за пишување книга, за неговиот живот од раното детство до денес. Вели дека ќе биде бестселер. Вели дека се’ ќе опише детално и ќе ги наведе причините кои го навеле да го направи тоа што го стори на трети мај“, раскажува анонимниот извор.
Коста дознал дека истражните органи го блокирале целиот движен и недвижен имот што им припаѓа на неговите родители. Дознал и дека сметките на Владимир Кецмановиќ се блокирани. Логично, тој поврзал дека неговите родители не се повеќе финансиски стабилни. Свесен е дека неговите родители нема да бидат моќни финансиски да го обезбедат, па почнал сериозно да размислува за неговата иднина, колку и тоа да звучи чудно“, пишува во „Република“.
Но, со овој случај повеќе ништо не е чудно. Според изворот тој рекол:
„Велат дека сум император и оваа книга ќе ги интересира сите тие луѓе, а јас ќе заработам милиони затоа што луѓето ме сакаат! Зошто да не знаете сè? Толку добро ќе ја напишам што на сите ќе им биде интересно, пренесува медиумот.