Вегетаријанството, без сомнение, има многу предности.
Од грижата за зачувување на природните ресурси и намалување на ризикот од одредени болести (барем така се мисли) до покажување љубов кон животните.
Сепак, вегетаријанците не се толку здрави како месојадите, вели едно истражување спроведено од Медицинскиот факултет во австрискиот град Грац. Всушност, тие велат дека ниска консумација на заситени масти и холестерол поради зголемено внесување на овошје и зеленчук придонесува кон поголем ризик од рак, алергии, па дури и проблеми со менталното здравје со кои се соочуваат овие лица.
Истражувачите користејќи податоци од австриска анкета за здравје ги испитуваа прехранбените навики и разликите во начинот на живеење на оние што јадат месо и на вегетаријанците. Тие споредија 1320 испитаници според возраст, пол и социо-економски статус. Меѓу нив беа 330 вегетаријанци, 330 месојади кои истовремено консумираат многу овошје и зеленчук, 300 луѓе кои јадат помалку месо и 300 од нив кои јадат многу месо.
https://www.instagram.com/p/BshmMQQgEpE/
Резултатите покажале дека вегетаријанците, иако тие консумираат помалку алкохол и имаат понизок индекс на телесна маса, се ‘уште биле во полоша физичка и ментална состојба од луѓето што јадат месо. Откриено е дека субјектите кои јадат помалку месо имаат полоши здравствени навики, како што е избегнување на одење на доктор.
„Нашата студија покажа дека возрасните Австријците кои се вегетаријанци се помалку здрави (во смисла на рак, алергии и нарушувања на менталното здравје), имаат понизок квалитет на живот и имаат поголема потреба од лекарски третман”, стои во заклучокот на истражувањето.
https://www.instagram.com/p/Bsh6w2_Hmjx/
Некои веруваат дека ова истражување всушност е рекламирање на месната индустрија.
„Ние веќе се дистанциравме од ова тврдење, бидејќи тоа е лажна интерпретација на нашите податоци. Откривме дека вегетаријанците повеќе страдаат од астма, рак и ментални нарушувања, но не можеме точно да кажеме што е причината за тоа и колкаво е влијанието”, вели епидемиолог и координаторка на студијата Натали Буркерт. Но пред да можат да одговорат на ова прашање, авторите на студијата ќе треба да направат дополнителни истражувања.