Вегетаријанската исхрана може да ви го спаси здравјето. Еве како

Клучот за здравјето е разновидна исхрана. Но, вегетаријанството исто така се чини дека има многу придобивки.

Поточно, студиите потврдија дека исхраната базирана на растителна храна, овошје, зеленчук и житарки го намалува ризикот од дијабетес тип 2. „Покажавме дека исхраната без месо го намалува ризикот од дијабетес тип 2 за дури 23%“, објасни докторот на универзитетот Харвард, Чи Сан.

Во истражувањето учествувале скоро 300 000 луѓе, а овој вид храна е богата со антиоксиданти кои штитат од потенцијално фатално заболување, објаснуваат експертите. Понатаму, ја подобрува чувствителноста на инсулин – хормоните кои го контролираат шеќерот во крвта – и го намалува зголемувањето на телесната тежина. Исто така, помага во борбата против воспалението, објасни американски тим на научници кои работеле на ова истражување.

ADVERTISEMENT

Ова е прва студија од ваков вид за решавање, меѓу другото, за разликувањето помеѓу здрава и помалку здрава растителна храна. Овошје, зеленчук, интегрални житарки, јаткасти плодови и мешунки беа пронајдени во здравата група, а компирите, белото брашно и шеќерот припаѓаат на нездравата група.

„Луѓето треба да ја базираат таквата диета на свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки, тофу и друга здрава растителна храна“, рече Чи Сан. „Оние кои консумираа здрава исхрана базирана на растенија со фокус на свежо овошје, зеленчук, ореви и мешунки и го минимизираа внесот на шеќер и рафинирани јаглени хидрати, беа во можност да го намалат развојот на дијабетес за дури 30 проценти“, додаде тој.

Facebook Comments
(Visited 88 times, 1 visits today)