Василичарска забава во кафулето „Амбрела“ за децата со посебни потреби

Во кафулето „Амбрела“ во Градски трговски центар во понеделник ќе се одржи хуманитарна василичарска забава за помош на децата со посебни потреби од градинките во Општина Гази Баба.

Хуманитарниот настан насловен „Сите под еден чадор“ е организиран од Филозофскиот факултет и од Дирекцијата за заштита и спасување.

Целта е со собраните средства да се купат дидактички материјали за работа со деца со посебни потреби.

ADVERTISEMENT

На влезот во кафулето „Амбрела“ ќе биде поставена кутија за донации, а 20 отсто од прометот за време на настанот ќе биде наменет за купување дидактички материјали.

Facebook Comments
(Visited 8 times, 1 visits today)